Гевгелија е најтоплиот град во Македонија и во вечерните часови, со измерени 18,5 степени во 20:00 часот и максимална дневна температура од 25,4 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според вечерните мерења во 20:00 часот, релативно топли температури за овој период од денот се евидентирани и во Демир Капија (16,5°C), Штип (15,8°C), Велес (15,4°C), Зајчев Рид (15,1°C) и Тополчани (15,0°C).
Најниски температури вечерва во 20:00 часот се измерени на Попова Шапка (7,4°C), Берово (7,7°C) и Лазарополе (7,8°C).
Во останатите градови во 20:00 часот беа измерени: Крива Паланка 9,6°C, Крушево 9,7°C, Битола и Охрид со по 11,0°C, Претор 11,3°C, Струмица 12,0°C, Пожаране 12,3°C, Кавадарци 13,1°C, Ѓуриште 13,3°C, Тетово 13,6°C и Виница 14,8°C.
Највисоките максимални температури во текот на денешниот ден, покрај Гевгелија (25,4°C), беа регистрирани во Скопје-Петровец (24,2°C), Велес и Демир Капија (по 24,1°C) и Струмица (24,0°C).

