- Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија
- 5 активни пожари во државата – пожарникарите храбро се борат со стихиите
- Ер трактор гасне во Велес – пожарот беснее близу затворот
- Седуммесечно бебе оставено на клупа во парк во Скопје
- СДСМ: Официјалниот и неофицијалниот резултат на владата на Мицкоски е 0
- Над 60 ученици се фатени како препишувале на државната матура
- Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република Албанија
- Муцунски се сретна со британската колешка: Во фокусот – спроведувањето на Договорот Влада со Влада
Author: Author 04
Вчера во 21:50 часот во СВР Тетово, 60-годишен жител на Тетово пријавил дека околу 16:30 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ бил физички нападнат од неговиот син Е.М.(34).
Две лица лишени од слобода и со две извршен службен разговор, вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 08.06.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 06.06.2026 околу 19:30 часот во домот во скопско, нејзиниот сопруг Р.Ј.(47) и се заканувал. Со него бил извршен службен разговор во Полициската станица Кисела Вода. На 08.06.2026 во 21:50 часот во СВР Тетово, 60-годишен жител на Тетово пријавил дека околу 16:30 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ бил физички нападнат од неговиот син Е.М.(34). На 09.06.2026, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.Б.(46)…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднела кривична пријава против Р.Ј.(80) од гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години’’. На 31.05.2026 во валандовско село, пријавениот извршил полови дејствија врз 14-годишник од валандовско.
Вчера околу 19:00 часот во СВР Скопје од приватна здравствена установа од с.Арачиново, скопско, е пријавено дека кај нив бил донесен починат И.Ш.(73) од село Грушино, скопско. Полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со братот на починатиот, кој изјавил дека при стартување на трактор, на кој имало поставено собирачка за сено и кој бил ставен во брзина, тракторот почнал да се движи, при што И.Ш. го зафатила собирачката. На пат кон здравствената установа, тој починал. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.
Вчера околу 18:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Орман, покрај реката Лепенец, бил пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање. Како што се наведува во полицискиот билтен, кај телото била пронајдена картичка од автобус на име Ј.М.(70) од Скопје – женско лице. Полициски службеници извршиле увид, а по насоки на јавен обвинител телото било предадено во судска медицина за обдукција.
29-годишна девојка од скопско со повреди вчера била донесена на Клиниката за гинекологија. Во полицискиот билтен се наведува дека вчера околу 14:40 часот во СВР Скопје, од Клиниката за гинекологија и акушерство при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди била донесена 29-годишна жена од скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ноќеска во 00:03 часот во ОВР Струга, В.С. пријавил дека неговата сопруга Н.С.(41) ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека одела на работа. По овластување на јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на ул.„Владо Малески“ ги затекнале децата како спијат. Децата се предадени на таткото В.С., информираа од полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање против сторителката ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена пријавила дека на мобилна апликација биле споделувани експлицитни фотографии од нејзината малолетна ќерка, стои во денешниот полициски билтен. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
Истрагата за ужасната несреќа во која двајца петнаесетгодишници се удавија на 7 јуни во Јужна Морава носи нови, шокантни детали. Како што дознаваме, на трагедијата на водата ѝ претходел момент во кој трет тинејџер, нивен школски другар, за среќа избегнал смрт. Според најновите информации, тројца другари од истиот клас дошле на реката вчера попладне за да одат на риболов. Во еден момент, двајца од момчињата почнале упорно да го убедуваат третиот да влезе во реката и да плива. „Тој одбил, по што ги спакувал своите работи, ги оставил на брегот и самиот се вратил дома.“ Вистинската драма започнала два часа…
Полските власти запленија речиси еден тон хероин, чија вредност на црниот пазар се проценува на неверојатни 52 милиони евра. Ова претставува најголема заплена на дрога во оваа земја во последните неколку години, потврдија официјалните служби. Акцијата била реализирана по добиени оперативни согледувања во кои биле вклучени и странски служби. Британските медиуми пишуваат дека припадници на полската полиција пронајдоа големо количество наркотици во контејнери што пристигнаа од Обединетите Арапски Емирати во балтичкото пристаниште Гдиња, а властите информации за пратката добиле од британската даночна администрација. За тежината на спречениот шверц и опасноста по јавното здравје веднаш алармираше и полскиот министер за внатрешни…
