Close Menu
Press24
    Најново

    Јахији е нов градоначалник на Брвеница – Ковачки честиташе: Донесоа бајаги луѓе од надвор

    01.11.2026 во 21:57

    МВР: Вториот круг од вонредните локални избори во Брвеница помина без инциденти

    01.11.2026 во 19:52

    ОЈО објави детали за двете убиства во Ѓорче Петров – парите ги земале, златото го продале

    01.11.2026 во 19:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јахији е нов градоначалник на Брвеница – Ковачки честиташе: Донесоа бајаги луѓе од надвор
    • МВР: Вториот круг од вонредните локални избори во Брвеница помина без инциденти
    • ОЈО објави детали за двете убиства во Ѓорче Петров – парите ги земале, златото го продале
    • Од Алта банка биле повлечени два милиони евра за еден ден, ограничувањата за трошење на пари може да трае до три месеци
    • Само 10.000 денари неделно ќе можете да повлечете од Алта Банка
    • Полицијата поднесе кривична пријава за вчерашната навивачка тепачка пред СЦ „Јане Сандански“
    • Излезност до 15:30: На едно избирачко место гласале над 70% од избирачите, излезноста е поголема за речиси 10% од првиот круг
    • Гувернерот Славески најави прес-конференција по одземањето на дозволата за работа на Алта Банка во Србија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јахији е нов градоначалник на Брвеница – Ковачки честиташе: Донесоа бајаги луѓе од надвор

    Јахији е нов градоначалник на Брвеница – Ковачки честиташе: Донесоа бајаги луѓе од надвор

    01.11.2026 во 21:571 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Победник на предвремените локални избори во Брвеница е кандидатот на ДУИ, Архин Јахији, објави генералниот секретаро на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки иако Државната изборна комисија сѐ уште ги нема пребројано сите 24 избирачки места.

    Во изјава пред штабот на неговата партија во Брвеница, оцени дека победата на Јахии е резултат на гласови од дијаспората. Според него, разликата меѓу двајцата кандидати, Јахии и Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ не е поголема од 200 гласа.

    -Секако би сакал да им честитам на победниците коишто остварија победа во овој изборен циклус. Некогаш против бројките не се може. Бројките се тие што. Успеаја да донесат бајаги луѓе од надвор коишто не живеат тука. Живеат од границите на оваа татковина, меѓутоа, гласаа за кандидатот на ДУИ и јас би му честитал во оваа прилика, рече Ковачки.

    ДИК со овој момент има избројано 95.8% од гласовите. Според ДИК, во водство е Јахији со 4.279 гласови, додека Радичевски има освоено 4.154.

    Прочитај повеќе

    МВР: Вториот круг од вонредните локални избори во Брвеница помина без инциденти

    01.11.2026 во 19:52

    ОЈО објави детали за двете убиства во Ѓорче Петров – парите ги земале, златото го продале

    01.11.2026 во 19:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.