Гласањето на вториот круг од предвремените локални избори во Брвеница се одвива непречено. До 15:30 часот гласале 6.579 граѓани, односно 40,49% од гласачите.
Како што соопшти Државната изборна комисија, најголема излезност има во избирачкото место 2044, со 72,12%. Најмала излезност се забележува во 2036 со 19,25%. Во споредба со првиот круг на изборите, излезноста е зголемена за 9,32%.

