Close Menu
Press24
    Најново

    Турција забрани пристап на деца под 15 години до социјалните мрежи

    01.11.2026 во 14:34

    „Студентски отпор“ го прифаќа владиниот предлог за студентски оброк, но имаат два услови

    01.11.2026 во 14:17

    Со студентски оброк преку „М-услуги“ студентите ќе добијат 4.500 денари месечно

    01.11.2026 во 13:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Турција забрани пристап на деца под 15 години до социјалните мрежи
    • „Студентски отпор“ го прифаќа владиниот предлог за студентски оброк, но имаат два услови
    • Со студентски оброк преку „М-услуги“ студентите ќе добијат 4.500 денари месечно
    • До 13 часот 27,81% излегле на гласање, далеку повеќе од првиот круг
    • До 11 часот гласале 13,82% од избирачите во Брвеница
    • Полицијата упадна во локал во Карпош: Приведени осум малолетници, еден завршил на Токсикологија
    • Марихуана на улица, кафеава прашкаста материја во затворот: Што сѐ пронајде полицијата за еден ден?
    • Вработените добила плата однапред, но и забелешка парите да ги стават на друга сметка – Како Алта Банка е ликвидирана преку ноќ?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Турција забрани пристап на деца под 15 години до социјалните мрежи

    Турција забрани пристап на деца под 15 години до социјалните мрежи

    01.11.2026 во 14:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Стапи во сила забраната за пристап до социјални мрежи за деца помлади од 15 години во Турција. Проверката на возраста на постојните кориснички сметки ќе продолжи до 31 март 2027 година, а во текот на преодниот период платформите постепено ќе ги затвораат профилите на децата.

    Како што пишуваат турските медиуми, земјата во средината на октомври им забрани на давателите на услуги на социјалните мрежи да нудат услуги на малолетници помлади од 15 години, согласно новите прописи на Дирекцијата за сајбер-безбедност.

    Во уредбата се наведува дека давателите на услуги „не можат да им нудат услуги на деца кои немаат наполнето 15 години“.

    Покрај тоа, платформите мора да понудат различни видови услуги и да ги преземат неопходните мерки за заштита на корисниците постари од 15 години. Проверката на возраста треба да даде приоритет на заштитата на личните податоци, со примена на методи што утврдуваат дали корисникот го исполнува возрасниот услов, без да го откриваат неговиот идентитет.

    За да пристапат до социјалните мрежи, корисниците ќе мора да ја потврдат својата возраст преку владината платформа за електронски услуги е-Девлет. По проверката, ќе добијат дигитален токен со информации за нивната возраст.

    На лицата помлади од 15 години ќе им биде одбиен пристапот, додека тинејџерите на возраст од 15 до 18 години ќе можат да ги користат социјалните мрежи, но со одредени ограничувања.

    Размената на пораки ќе биде можна само со профилите на пријателите, преносите во живо ќе бидат забранети, а корисниците нема да гледаат реклами наменети за возрасни.

    Прочитај повеќе

    Вработените добила плата однапред, но и забелешка парите да ги стават на друга сметка – Како Алта Банка е ликвидирана преку ноќ?

    01.11.2026 во 11:46

    Уапсен началникот на криминалистичката полиција во Белград – се сомничи дека фалсификувал докази

    01.11.2026 во 11:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.