Close Menu
Press24
    Најново

    Само 10.000 денари неделно ќе можете да повлечете од Алта Банка

    01.11.2026 во 18:43

    Полицијата поднесе кривична пријава за вчерашната навивачка тепачка пред СЦ „Јане Сандански“

    01.11.2026 во 16:40

    Излезност до 15:30: На едно избирачко место гласале над 70% од избирачите, излезноста е поголема за речиси 10% од првиот круг

    01.11.2026 во 16:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Само 10.000 денари неделно ќе можете да повлечете од Алта Банка
    • Полицијата поднесе кривична пријава за вчерашната навивачка тепачка пред СЦ „Јане Сандански“
    • Излезност до 15:30: На едно избирачко место гласале над 70% од избирачите, излезноста е поголема за речиси 10% од првиот круг
    • Гувернерот Славески најави прес-конференција по одземањето на дозволата за работа на Алта Банка во Србија
    • 30-дневен притвор за четворицата осомничени за двете убиства во Ѓорче Петров
    • БИА наводно ги следела обвинителите што го истражуваа падот на настрешницата во Нови Сад
    • Му влегле дома и го тепале со кундак: Ограбен старец во Скопје
    • Турција забрани пристап на деца под 15 години до социјалните мрежи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Само 10.000 денари неделно ќе можете да повлечете од Алта Банка

    Само 10.000 денари неделно ќе можете да повлечете од Алта Банка

    01.11.2026 во 18:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмногу 10.000 денари неделно преку платежните картички граѓаните ќе можат да повлечат од сопствените средства во „Алта Банка“ АД Битола. 

    Народната банка објави привремени мерки за заштита на имотот на банката и на депонентите во банката. Одлуката ја соопшти гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на вонредна прес-конференција и таа доаѓа откако вчера српската Алта Банка АД Белград ја загуби дозволата за работа од тамошната Народна банка.

    Славески информираше дека Извршниот одбор на Народната банка, на седницата одржана на 1 ноември 2026 година, донел решение за воведување привремена администрација во „Алта банка“ АД Битола, кое веќе стапило во сила.

    Со оваа одлука, управувањето со имотот на банката привремено преминува во надлежност на лица назначени од Народната банка, кои ќе постапуваат во рамките на доделените овластувања.

    „Во интерес на граѓаните, а со цел извршување на секојдневните плаќања, определен е неделен лимит за одлив од сметките на физичките лица во износ од 10.000 денари, кој може да се користи со картичките издадени од банката“, истакна Славески.

    Тој нагласи дека сите интерни плаќања меѓу сметките на физичките и правните лица во рамките на банката ќе продолжат да се извршуваат без ограничување на износот.

    Според гувернерот, „Алта банка“ АД Битола е високо капитализирана и ликвидна, со солиден квалитет на кредитното портфолио и ги исполнува сите супервизорски стандарди.

    Од Народната банка уверуваат дека мерките се од привремен карактер и се воведуваат со цел заштита на имотот на банката и интересите на штедачите.

    Воедно, гувернерот потсети дека граѓаните и компаниите кои имаат кредити во банката треба да продолжат редовно и навремено да ги исполнуваат своите обврски.

    Прочитај повеќе

    Полицијата поднесе кривична пријава за вчерашната навивачка тепачка пред СЦ „Јане Сандански“

    01.11.2026 во 16:40

    Излезност до 15:30: На едно избирачко место гласале над 70% од избирачите, излезноста е поголема за речиси 10% од првиот круг

    01.11.2026 во 16:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.