Author: Author 04

Вчера во 22:20 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во паркот „Жена борец“ во Скопје имало починато лице. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека починатото лице е Х.Р.Г.(79) од Индија. Извршен е разговор со Т.М.Л.(43) од Индија, кој изјавил дека додека двајцата се движеле, одеднаш Х.Р.Г. паднал, по што тој повикал Итна медицинска помош. Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на судска медицина за обдукција. 

Повеќе

Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.К.(47), Љ.Ј.(32), Б.С.(28), А.А.(27), Љ.Љ.(27), сите од Скопје и И.Д.(26) од САД затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

во 16:40 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 44-годишната С.С. од Скопје. Според пријавеното, на 06.06.2026 на ул.„Жан Жорес“ во Скопје околу 21:00 часот, управувајќи велосипед, паднала во одводна шахта, при што се здобила со повредите. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Повеќе

Југозападниот регион на Македонија попладнево е зафатен од нестабилна облачна маса која донесе промена на временската состојба. Според моменталните метеоролошки набљудувања, на ова подрачје е регистрирана појава на локално невреме. Граѓаните и возачите во овој дел од земјата се повикуваат на зголемена претпазливост поради условите на патиштата. „Нестабилна облачна маса го зафати југозападниот регион има појава на пороен дожд и ретки грмежи.“ Се очекува нестабилноста да се задржи и во наредните часови, со можност за локално засилување на процесите.

Повеќе

Маж од српско потекло синоќа бил застрелан и убиен од страна на непознат напаѓач во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми повикувајќи се на „АБЦ“. Каталонската полиција соопшти дека врз жртвата, чиј идентитет сè уште не е официјално потврден, било пукано со неколку куршуми во областа Зона Франка. Очевидци на настанот веднаш се обиделе да му помогнат на ранетиот маж. Неколку сведоци се обиделе да го реанимираат, но без успех, и тој починал кратко потоа. Полициските тимови во моментов спроведуваат интензивна акција за лоцирање и приведување на сторителот, кој веднаш по пукањето побегнал од местото на настанот. Ова е втор ваков сериозен…

Повеќе

Потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија рече дека во новата програмска платформа на СДСМ, „Твоја држава, твоја шанса“, централно место има работникот и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Осврнувајќи се на „Скопска иницијатива“, која беше завчера, и на која дојдоа претставници на сестрински партии на Социјалдемократскиот сојуз од регионот, Трајановски истакна дека таа претставува значајна платформа за обединување на прогресивните и проевропски сили. „Скопската иницијатива e регионална прогресивна платформа, со присуство на повеќе од 40 претставници на политички партии, сестрински партии, Прогресивни партии кои дадоа признание на целата двегодишна борба на СДСМ и…

Повеќе

Вчера во 00:30 часот на ул.„Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода С.Т.(92) од Делчево. При контрола во сообраќајот, полицискитре службеници сопреле патничко возило „пежо“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,07 промили алкохол во крвта, информираа од полицијата. 

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека блокадата на Акцискиот план за малцинства од страна на Бугарија претставува политика која трае со децении, посочувајќи дека претходните политички елити во земјава не успеале да го препознаат тоа и направиле големи проблеми кои сегашната Влада ги решава еден по еден. Одговарајќи на новинарско прашање за причините зад ваквиот чекор на официјална Софија, Мицкоски истакна дека за мотивите треба да се прашаат бугарските власти, но упати критики до претходното раководство во државата. „Не знам. Тоа прашање ќе треба на нив да им го поставите затоа што претпоставувам таа политика трае со децении. Не е…

Повеќе

Владата ќе обезбеди максимална поддршка за домашните компании чие производство е доминантно наменето за странските пазари, најави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на компанијата „Макпрогрес“. Тој изрази импресионираност од развојот на компанијата, која успеала од семеен бизнис да прерасне во регионален гигант со промет од над 40 милиони евра и да стане еден од темелите на македонската кондиторска индустрија. Премиерот потенцираше дека државата мора да ги стимулира ваквите стопански капацитети кои се сериозен двигател на економијата. „Ние како Влада се разбира ќе сториме сè што можеме за да помагаме ваков тип на бизниси, бидејќи околу 80-тина проценти од вкупното производство…

Повеќе

Компанијата „Макпрогрес“ денеска пушти во употреба нова фабрика за производство на вафли од брендот „Винчини“. Инвестицијата е вредна 8,5 милиони евра, а на свеченото отворање присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски. Генералниот директор на „Винчини“, Глигор Цветанов, информира дека инвестицијата е реализирана со комбинација од сопствени средства и кредити од комерцијалните банки, вклучително и дел од унгарската кредитна линија обезбедена преку Владата. Новиот погон ќе донесе и проширување на капацитетите во текот на следната година. „Покрај првичните 40 вработувања, од кои некои се од постојните вработени, а други нови, в година се планирани уште 40 бидејќи ќе се удвои капацитетот на…

Повеќе