Author: Author 04

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им додели пофалници и парични награди во износ од 20.000 денари на првенците на генерацијата од сите осум општински училишта. Вкупно се издвоени 160.000 денари за најуспешните ученици. Наградените ученици во текот на своето деветгодишно образование покажале континуиран одличен успех, освоиле бројни признанија на државни и меѓународни натпревари и активно учествувале во вонучилишни активности, достојно претставувајќи ги своите училишта и Општина Центар. „Ова е личен успех за вас, но и за вашите наставници, родители и за сите нас како локална самоуправа. Ви посакувам многу успеси во натамошното школување и да се изградите во професионални…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на својата работна посета на Сараево, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ. За време на разговорите, двајцата министри ги потврдија одличните билатерални односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со континуирана соработка и конструктивен политички дијалог. Фокусот на средбата бил ставен на евроинтегративните процеси и регионалната стабилност, што министерот Муцунски го потврди во својата изјава. „Разговаравме за состојбите во регионот, европската интеграција и политиката на проширување на Европската Унија. Се согласивме дека проширувањето претставува стратешки интерес и за Западен Балкан и…

Повеќе

Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Национални шуми“ за „злоупотреба на службената положба и овластување“ Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против В.Г.(52) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот В.Г., поранешен директор на ЈП „Национални шуми“ ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што во периодот од 13.02.2023 до 07.05.2024 склучил и потпишал осум договори за купопродажба на опожарена дрвна маса со шест правни лица, при што во договорите се повикал на ценовник за цени на дрвни…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на цените утврдени со претходната одлука од 1 јуни 2026 година. Како резултат на оваа одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 денари по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 86,00 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 88,00 денари за литар. Од друга страна, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и…

Повеќе

Опозициската СДСМ ја презентираше својата нова програмска платформа насловена „Твоја држава, твоја шанса“, со која партијата најавува нова фаза на дејствување на политичката сцена. На прес-конференцијата, портпаролката и членка на Извршниот одбор на партијата, Богданка Кузеска, ги образложи клучните насоки на оваа стратегија. „Со „Скопската иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување. Етапа заснована на вредностите на социјалдемократијата, борбата за подобар животен стандард, борба против корупцијата и за европска иднина за Македонија“ – рече на Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извшрниот одбор на СДСМ, на прес-конференција што МИА ја објавува интегрално. Според…

Повеќе

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска во законодавниот дом го презентираше извештајот за неговата двегодишна работа, во кој се сумирани постигнатите резултати и статистичките податоци за периодот од мај 2024 до мај 2026 година. Според официјалниот извештај, во овој двегодишен период биле одржани вкупно 196 пленарни седници, усвоени се 710 акти и реализирани се 29 седници посветени на пратенички прашања, од кои 16 редовни. На меѓународен план, Собранието забележало 212 билатерални и 48 мултилатерални активности. Гаши потенцираше дека помалиот број на седници во споредба со минатиот мандат се должи на консолидација на агендата и избегнување на прекинати седници, со што…

Повеќе

Трошоците на животот во мај годинава, во споредба со истиот месец минатата година, бележат зголемување од 4,8 проценти, додека цените на мало во истиот период бележат раст од 5,6 отсто. Според официјалните податоци, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај, во однос на претходниот месец април, изнесува 0,6 проценти. Во мај 2026 година, во споредба со април 2026 година, најголем раст на трошоците е забележан во секторот транспорт, каде зголемувањето изнесува 1,6 отсто. Пораст има и кај облеката и обувките, како и кај храната и безалкохолните пијалаци за 1,0 процент. Статистиката бележи зголемување на трошоците и во…

Повеќе

Времето утре сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. До четврток, времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој…

Повеќе

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција јавно го повика Јавното обвинителство да отвори истрага за нова, голема корупциска афера во Царината. Петрушевски истакна дека првичните информации за митото од 2.000 евра се само почеток на криминална мрежа тешка 18 милиони денари, која била договарана преку мобилни апликации. „Митото од 2.000 евра кое Богац го земал од Џемо е само почетокот на аферата во Царина вредна 18 милиони денари. Според информациите добиени од свиркачи, Богац преку вибер со Џемо го договарал тендерот вреден 18 милиони денари, а 2.000 евра биле првата од повеќето исплати кои требало да…

Повеќе

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања до СДСМ и нивниот лидер Венко Филипче, тврдејќи дека партијата е подготвена за ново историско предавство на македонските национални интереси. Според Манасиевски, СДСМ низ историјата веќе направиле предавства со менување на името, знамето и Уставот, а сега на чело со Филипче биле подготвени за најстрашниот чекор за македонскиот народ – редефинирање на историјата и негирање на јазикот и идентитетот. Тој додаде дека тие се спремни да го променат сето она што се пренесувало од колено на колено и утре би потпишале дека постоиме дури од 1945 година. Од владејачката…

Повеќе