Author: Author 04

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Моменталните максимални цени на нафтените деривати изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 88,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 87,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 47,906 (денари/килограм)

Повеќе

Цените на нафтата на светскиот пазар се повторно во фокусот на јавноста по новиот пораст предизвикан од геополитичките тензии на Блискиот Исток. Според податоците од меѓународните пазари, цената на референтната нафта од типот Брент се движи помеѓу 95 и 98 долари за барел, додека американската нафта WTI е над 90 долари за барел. Најновото зголемување на цените е директно поврзано со обновените конфликти меѓу Израел и Иран, што ги зголеми стравувањата на инвеститорите од можни прекини во снабдувањето со енергија преку Ормускиот теснец, еден од најважните нафтени коридори во светот. Пазарните податоци покажуваат дека нафтата од типот Брент во текот…

Повеќе

Најмалку три лица загинаа, а четворица се повредени во силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Минданао, еден од јужните острови на Филипините. Според информациите на агенцијата Ројтерс, засега нема детални податоци за пријавените смртни случаи, но објавените снимки од терен покажуваат голема материјална штета и урнати згради. Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ) соопшти дека силниот потрес бил регистриран на длабочина од 10 километри под површината на земјата. Поради силниот интензитет на потресот, геофизичките агенции на Филипините и на соседна Индонезија веднаш издадоа предупредувања за појава на опасни бранови и цунами во регионот.

Повеќе

Израел и Иран повторно разменија директни воени напади, што претставува најсериозна ескалација на конфликтот помеѓу двете земји по воспоставувањето на априлското примирје. Израелската војска објави дека нејзините воздухопловни сили нападнале неколку цели во петрохемиски комплекс во Иран, лоциран во градот Махшахр, во југозападниот дел на земјата. Претходно, Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека вршат напади врз воени цели во централен и западен Иран, по што беа пријавени експлозии во неколку ирански градови. Израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер, појасни дека биле погодени локации за лансирање ракети земја-земја и воена инфраструктура која не е поврзана со енергетскиот сектор, како одговор на…

Повеќе

Ѕвездите денеска носат нагласена потреба за емоционално расчистување кај поголемиот дел од зодијакот. Астролошките влијанија сугерираат дека е време за ослободување од старите товари, искрени разговори во љубовта и поголема посветеност на сопствениот мир. Овен Потребно е малку да забавите и да се посветите на себе, бидејќи е можно да сфатите дека носите емоционален товар што повеќе не ви служи. Во љубовта, искрен разговор носи олеснување, додека работата бара помалку брзање и повеќе размислување. Бик Пријателствата и блиските односи ви носат чувство на сигурност, па затоа е можно некој да побара ваша помош или совет. Во љубовта, покажете ја вашата…

Повеќе

Во рамки на денешната меѓународна конференција на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Корчуланската висока политичка школа, на која беше промовирана „Скопската иницијатива“, социјалдемократските и прогресивни партии од регионот и Европа усвоија заедничка изјава со која се осудуваат дестабилизирачките активности, авторитарни влијанија и хибридните закани насочени кон соседните земји и демократските институции во регионот. На прес-конференцијата Даша Шашиќ Шиловиќ, од Корчуланската висока политичка школа, посочи дека оваа изјава се однесува и на обидот од структурите поврзани со режимот на претседателот Вучиќ за дестабилизација на Црна Гора. „Учесниците усвоија заедничка изјава со која ги осудуваат дестабилизирачките активности, авторитарни влијанија и хибридните закани…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против В.Б.(34) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 23.05.2026, пријавениот отишол во домот на едно лице во Крива Паланка и физички го нападнал. 

Повеќе

Вчера во 22:30 часот во СВР Скопје М.Ј.(33) од Куманово пријави дека на 04.06.2026 околу 14:55 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како доставувач на нарачки, С.С., кој имал нарачано производи, му рекол дека нема пари да ја плати нарачката, по што физички го нападнал пријавителот и му ги зел производите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 14:20 часот во Скопје во Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ѓ.(42) од Скопје, по претходна пријава дека во установата упатувал закани кон вработена и нејзиното семејство и се обидел да и одземе службен документ. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Вчера во 16:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Р.М.(49) од Велес, затоа што во здравствена установа во Велес го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По преземени мерки било констатирано дека Р.М. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,59 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе