Close Menu
Press24
    Најново

    Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо

    28.10.2026 во 17:12

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Рама за протестите во Тирана: Ова е хибридна војна

    Рама за протестите во Тирана: Ова е хибридна војна

    20.10.2026 во 11:122 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека неодамнешните протести во Тирана се користат за дестабилизација на земјата и попречување на процесот на преговори со Европската Унија, порачувајќи дека никој не може да ја собори владата со сила.

    На состанокот со директорите на средните училишта во Министерството за образование, Рама оцени дека протестите не се поврзани со учениците и средношколците, иако во нив учествуваат и млади луѓе со екстремни политички ставови.

    „Ова е напад кој е организиран во прецизно дефинирана рамка, извршен од обучени раце и кој е хранет од внатрешен оган, поттикнат од странски актери. Тоа е хибридна војна која функционира до таа мера“, нагласи Рама.

    Тој ги отфрли обвинувањата за непропорционална употреба на сила од страна на полицијата, наведувајќи дека според неговите податоци се повредени околу 200 полицајци и 80 демонстранти. Рама додаде дека меѓу учесниците имало маскирани млади луѓе донесени од приградските населби за да ја нападнат полицијата и да предизвикаат страв.

    „Камен во раката на лице кое го фрла кон полицијата е оружје. Овој бран на насилство мора да се запре“, рече Рама, истакнувајќи дека почувствувал голема загриженост од сцените на улиците.

    Албанскиот премиер упати критики и до дел од медиумите за начин на известување кој, според него, служи на политички и економски интереси.

    „Се прави сè за да се претвори општествената загриженост во гнев, за да може владата да биде соборена, што никогаш нема да се случи“, рече тој.

    Рама истакна дека владата е отворена за дијалог со секој што нуди политичка алтернатива.

    „Владата и јас сме подготвени за дијалог со секого. Нека дојдат кај мене лице в лице и нека ми кажат дека треба да си заминеме, дека имаат поинаков пристап, поинаква програма. Подготвен сум да го сослушам секого, каде било, безусловно“, рече Рама.

    Како реакција на немирите, тој најави нов пакет административни мерки кои вклучуваат финансиска одговорност за родителите на малолетните прекршители, разгледување на можноста за намалување на возраста за кривична одговорност, ограничување на социјалните мрежи за деца под 16 години, како и санкции за онлајн закани и поттикнување насилство.

    Прочитај повеќе

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.