Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини
    • Есенска дератизација во Кисела Вода: Се уништуваат глодарите, опфатени над 2.000 шахти
    • Нов закон за откуп на земјиштето под зграда
    • Јаревски: Во ова немирно време македонскиот брод плови стабилно
    • Рама за протестите во Тирана: Ова е хибридна војна
    • Македонската полиција фати жена како „лета” со 142 км/ч каде што е дозволено 50 – Остана без Аудито
    • Прво научи, па седни зад воланот: РСБСП со кампања за идните млади возачи
    • Пристигнуваат сахарски песок и валкан дожд, па пад на температурите за 10 степени – регионот се соочува со голема промена на времето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Делови од скопските општини Чаир, Сопиште, Аеродром, Кисела Вода и Бутел утре (среда, 21 октомври) ќе останат привремено без електрична енергија поради планирани технички зафати и реконструкции на дистрибутивната мрежа, соопштија од електродистрибуција.

    Во општина Чаир, во периодот од 08:00 до 11:30 часот, прекин во снабдувањето ќе има за корисниците од дел од улица „Славеј Планина“, дел од улица „Прохор Пчински“ и дел од улица „Јоаким Крчовски“.

    Во општина Сопиште, без електрична енергија од 09:00 до 12:00 часот ќе останат корисниците во Ракотинци и месноста Горно Соње, од црквата „Св. Никола“ нагоре.

    Поради реконструкција на нисконапонската мрежа во општина Аеродром, од 09:00 до 14:00 часот без напојување ќе бидат корисниците на улиците „Ѓорѓи Капчев 31“, „Ристо Аврамовски“ и „Димитар Солев“.

    Во Кисела Вода, од 09:00 до 12:00 часот струја ќе немаат објектите на фирмата „СТХ ДОО Скопје“ во кругот на Стаклара, како и дел од околните објекти.

    Во општина Бутел, односно во населбата Радишани, во периодот од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе останат потрошувачите од дел од улица „Боро Кралевски“.

    Прочитај повеќе

    Есенска дератизација во Кисела Вода: Се уништуваат глодарите, опфатени над 2.000 шахти

    20.10.2026 во 11:28

    Нови возила за почисто Скопје: „Комунална хигиена“ замени околу 500 контејнери

    20.10.2026 во 09:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.