24-годишна жена од ресенското село Подмочани е лишена од слобода откако била фатена како вози со 142 километри на час на регионалниот пат во близина на селото Рајца, каде ограничувањето на брзината е 50 километри на час.
Случајот бил откриен на 19 октомври, околу 14:30 часот, при сообраќајна контрола со радар. Жената управувала автомобил „ауди“ со ресенски регистарски ознаки, а измерената брзина била речиси трипати над дозволената.
По насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен, возилото е одземено.
По целосното документирање на случајот, против 24-годишната жена ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

