Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Прво научи, па седни зад воланот: РСБСП со кампања за идните млади возачи
    • Пристигнуваат сахарски песок и валкан дожд, па пад на температурите за 10 степени – регионот се соочува со голема промена на времето
    • По третпат им ги намалија платите – обвинителите бараат Уставниот суд итно да пресече
    • УХМР најавува силно невреме: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
    • Литванскиот премиер потврди: Дронот што експлодираше кај нас бил украински, влегол преку Полска
    • Православните верници се подготвуваат за еден од најголемите празници
    • Расте бројот на жртви од бурата што ја погоди Шпанија
    • Тажна вест: Почина поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер – Имаше само 40 години
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Прво научи, па седни зад воланот: РСБСП со кампања за идните млади возачи

    Прво научи, па седни зад воланот: РСБСП со кампања за идните млади возачи

    20.10.2026 во 11:091 Min Read
    РСБСП
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ја започнува едукативната кампања „Учам – Полагам – Возам“, наменета за средношколците од трета и четврта година кои се подготвуваат за полагање возачки испит.

    Целта е младите навреме да се запознаат со условите за добивање возачка дозвола, но и со одговорностите што ги носи управувањето со моторно возило.

    Од РСБСП посочуваат дека возачката дозвола не значи само поголема самостојност и слобода, туку и обврска за почитување на сообраќајните правила и грижа за безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

    Особено се нагласуваат ризиците од пребрзо возење, употреба на мобилен телефон зад воланот, некористење сигурносен појас и управување со возило под дејство на алкохол. Кај младите возачи, кои сè уште немаат доволно искуство, ваквото однесување може да доведе до сериозни последици.

    Од Советот порачуваат дека целта не е младите само да научат да управуваат со автомобил, туку да изградат навики за одговорно и безбедно учество во сообраќајот.

    Пораката на кампањата е: „Учи за да знаеш. Положи за да можеш. Вози за да стигнеш – безбедно“, со потсетување дека секој живот е важен.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    По третпат им ги намалија платите – обвинителите бараат Уставниот суд итно да пресече

    20.10.2026 во 10:34

    УХМР најавува силно невреме: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер

    20.10.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.