Денеска нè очекува претежно сончево и топло време, со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а дневните температури ќе бидат во вистински пролетен дух.
Минималните температури ќе се движат од 0 до 10 степени, додека максималните ќе достигнат од 20 до 26 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува сончево време, со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6 степени, а дневната ќе достигне до 25 степени.

УХМР издаде временска најава за следите денови: Од утре попладне и во следните денови ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Во четврток врнежите ќе бидат поројни и пообилни проследени со повремени грмежи. До четврток по котлините ќе има услови за утринска магла и ниска облачност. Во петок ќе дува засилен северозападен ветер.

