Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нов закон за откуп на земјиштето под зграда
    • Јаревски: Во ова немирно време македонскиот брод плови стабилно
    • Рама за протестите во Тирана: Ова е хибридна војна
    • Македонската полиција фати жена како „лета” со 142 км/ч каде што е дозволено 50 – Остана без Аудито
    • Прво научи, па седни зад воланот: РСБСП со кампања за идните млади возачи
    • Пристигнуваат сахарски песок и валкан дожд, па пад на температурите за 10 степени – регионот се соочува со голема промена на времето
    • По третпат им ги намалија платите – обвинителите бараат Уставниот суд итно да пресече
    • УХМР најавува силно невреме: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:211 Min Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сопствениците на станови и деловни простории во згради ќе добијат поедноставена можност да го приватизираат државното земјиште под објектите, предвидуваат измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште што денеска се разгледуваат во Собранието.

    Со предложеното решение, етажните сопственици ќе можат да го приватизираат земјиштето што во Катастарот е заведено како земјиште под зграда, без да доставуваат геодетски елаборат за формирање градежна парцела.

    Се уредуваат и случаите кога на една градежна парцела има повеќе објекти со различни сопственици, при што државното земјиште ќе може да се приватизира во сосопственост, а надоместокот ќе се распределува меѓу сопствениците согласно законските критериуми.

    Со измените повторно се отвора и рок од една година за поднесување пријави до Катастарот за претворање на правото на користење на одредено неизградено градежно земјиште во право на сопственост.

    Предлог-законот, кој го поднесе Владата, денеска е на дневен ред на собраниските комисии за финансирање и буџет и за законодавно-правни прашања во прво читање.

    Прочитај повеќе

    Јаревски: Во ова немирно време македонскиот брод плови стабилно

    20.10.2026 во 11:19

    Македонската полиција фати жена како „лета” со 142 км/ч каде што е дозволено 50 – Остана без Аудито

    20.10.2026 во 11:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.