Во општина Кисела Вода е во тек есенската дератизација, со која ќе бидат опфатени повеќе од 2.000 шахти. Активностите ги спроведува специјализираната фирма „Токсивет“.
Со акцијата ќе бидат опфатени сите месни и урбани заедници, со цел да се намали присуството на штетни глодари и да се заштити здравјето на жителите.
Од Општината информираат дека дератизацијата се спроведува редовно двапати годишно, во пролет и во есен, како дел од мерките за одржување на хигиената и спречување на појава на заразни болести.

