Нов случај на семејно насилство е регистриран во Кумановско, откако 55-годишен маж од село во општина Липково бил приведен поради физички напад врз сопругата и ќерката.
Според информациите од полицијата, на 27 октомври во 19 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Р. (55), поради нападот врз двете членки на неговото семејство.
Тој бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

