Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека европските лидери конечно ја сфатиле реалноста и потребата за отворање на директен дијалог со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на кризата во Украина.
Коментирајќи ги промените во политичките ставови на европско ниво и актуелните дипломатски движења, Фицо истакна дека секое затворање на вратите за преговори води само до продолжување на страдањата и нестабилноста. Според него, прагматичниот пристап и разговорот со Москва се клучни за долгорочен мир на континентот:
„Алeлуја, Европа конечно сфати дека мора да разговара со Путин. Секој друг пат е само илузија која не води кон решавање на проблемот,“ порача словачкиот премиер.
Изјавата на Фицо доаѓа во момент кога во европската јавност сè погласно се отвораат дебати за модалитетите на идните мировни преговори и за улогата на ЕУ во дипломатското разрешување на конфликтот.

