Close Menu
Press24
    Најново

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна навивачка тепачка пред МЗТ Скопје – Работнички

    31.10.2026 во 21:25

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина легендарниот Мишо Ковач
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна навивачка тепачка пред МЗТ Скопје – Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почина легендарниот Мишо Ковач

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 85-годишна возраст почина Мате Мишо Ковач, легендарниот далматински пејач. Веста ја објавија хрватските медиуми, повикувајќи се на информации од извори блиски до пејачкот.

    Роден во Шибеник, во 1941 година, Ковач зад себе остави кариера долга повеќе од половина век во која стана симбол на далматинската песна. Тој е еден од ретките изведувачи од регионот со продадени над 20 милиони плочи. 

    Со пеење започнал да се занимава на 16-годишна возраст, откако го слушнал настапот на својот сограѓанин, пејачот Љубе Лучев.

    Завршил средно индустриско училиште за тапетар, а во 1961 година го поделил првото место со Мирко Вуксиќ на натпреварот „Прв глас на Шибеник“. Како награда избрал сингл-плоча од Елвис Присли, пејач кој имал големо влијание врз неговата кариера.

    По отслужувањето на воениот рок во Белград, се сели во Загреб каде на натпревар во Карловац ја изведува песната на Реј Чарлс, привлекувајќи го вниманието на издавачката куќа „Југотон“. Првата плоча ја снима во 1964 година со препевот „Не можам да престанам да те сакам“, што го отвора патот кон неговиот професионален пробив.

    Вистинската пресвртница во неговата кариера се случува во 1969 година со песната „Повеќе нема да се вратиш“, компонирана од младиот Ѓорѓе Новковиќ. Синглот се продава во речиси 190.000 примероци. Истата година Ковач бележи неверојатен дискографски биланс со пет плочи продадени во над 250.000 примероци, со што станува најуспешниот изведувач на „Југотон“.

    Победата на Сплитскиот фестивал во 1971 година со песната „Ќе заплаче зората“ само го зацврсти статусот на музички феномен, соработка која со Новковиќ траеше се до смртта на композиторот во 2007 година.

    За разлика од многумина современици, Ковач изгради специфичен сценски идентитет каде публиката честопати го водеше рефренот само на негово кревање рака. Неговите песни редовно беа дел од репертоарите на сите радиостаници низ поранешна Југославија, прераснувајќи во генерациски евергрини. Неговата популарност покажа како автентичниот медитерански сензибилитет може да ја надмине секоја географска граница.

    Прочитај повеќе

    Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир

    31.10.2026 во 14:55

    Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес

    31.10.2026 во 14:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.