Author: Author 04

Лишени од слобода 21 возачи за безобѕирно управување возило, 13 возеле без возачка дозвола, а седуммина под дејство на алкохол Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 21 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 13 возеле без возачка дозвола (петмина во Скопје, двајца во тетовско и по еден во Македонска Каменица, Куманово, Гостивар, Кичево, Дебар и Битола), седуммина под дејство на алкохол (тројца во Скопје и по еден во Свети Николе, Куманово,Тетово и Велес), а еден возач во Кичево возел и покрај тоа што имал забрана за управување возило. По целосно…

Повеќе

Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти денес беше отворено во Институтот за јавно здравје во Скопје, во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, министерот за здравство, Азир Алиу и директорката на Институтот, Марија Андоновска. Советувалиштето од понеделник ќе биде во функција, а услугата ќе биде достапна и преку системот „Мој Термин“. „Од денес започнуваме со нов пристап кон менталното здравје на децата и адолесцентите. Менталното здравје не смее да биде тема што се стигматизира или остава за подоцна. Нашата обврска е да создадеме систем што препознава, поддржува и интервенира навреме, особено кога станува збор за деца…

Повеќе

Две лица лишени од слобода, вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 05.06.2026 во 23:50 часот полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода И.Н.(54) од село во Општина Чашка, постапувајќи по пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 05.06.2026 во 19:30 часот во СВР Велес, 39-годишна велешанка пријави дека нејзиниот сопруг М.Ј.(41) од Велес, не го почитувал решението од Основен суд Велес, односно и се јавувал на телефон…

Повеќе

Се наоѓаме пред историски момент. По повеќе од две децении одложување, правичната и соодветна застапеност конечно станува закон. Нема повеќе зборови што ги носи ветерот, нема повеќе ветувања само за да поминат изборите. Сега има закон. Правичната и соодветна застапеност е уставен принцип што произлегува од Охридскиот рамковен договор, конкретно од неговата точка 4.2. Затоа, ова не е обичен закон, туку исориски важен чекор во спроведувањето и унапредувањето на Охридскиот договор, стои во соопштението на ВРЕДИ. „Овој закон требаше да биде донесен уште пред повеќе од две децении. Но, тоа не се случи. Тие што денес најмногу креваат врева, го…

Повеќе

Пораките од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват беа најсилни во последните две години и потврдија дека процесот на проширување не е завршен, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Институтот за јавно здравје. Мицкоски појасни дека францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц дале силен мотив за продолжување на реформите врз основа на заслуги, а нивниот заеднички „нон-пејпер“ веќе добил инструкции за операционализација во Брисел. „Она што го слушав и од францускиот претседател и од германскиот канцелар, а и таму во работниот дел од Самитот, можев да заклучам дека документот што тие го…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека градежништвото останува еден од најголемите контрибутори во растот на Бруто домашниот производ (БДП), одговарајќи на новинарско прашање по вчерашната средба со претставниците од овој клучен стопански сектор. Претседателот на Владата изрази сериозно задоволство од економските параметри, потенцирајќи дека остварениот раст на БДП со усогласени вредности изнесува 3,3 проценти, со што земјава во моментов се позиционира на високото четврто место на европскиот континент. „Јас сум задоволен што БДП со усогласени вредности е 3,3 отсто и е четврти во моментов во Европа, според податоците кои што се објавени, како процент од БДП-повторно за сите оние кои…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес конференцијата во рамки на меѓународната конференција „Скопска иницијатива“се осврна на пораките од Самитот за Западен Балкан на Европската Унија во Тиват, нагласувајќи дека процесот на европска интеграција влегува во клучна фаза која државата не смее да ја пропушти. Филипче истакна дека самитот испрати јасен сигнал дека Западниот Балкан припаѓа во Европската Унија и дека за првпат се отвораат нови, олеснети механизми за приближување кон членство. „После вчерашниот самит за Западен Балкан на Европската Унија во Тиват во којшто за првпат вака јавно и во оваа форма сите земји членки на Европската Унија кажуваат…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од каде упати честитки за менаџирањето со оваа установа, потенцирајќи дека таа конечно е стабилизирана и се грижи за здравјето на граѓаните за разлика од претходниот период. Во својата изјава за медиумите, претседателот на Владата направи паралела со минатото, повикувајќи се на јавно објавените ревизорски извештаи кои покажаа сериозни финансиски и функционални аномалии во работењето на Институтот. Мицкоски изрази благодарност до директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, до ресорниот министер, како и до раководството на Фондот за здравствено осигурување за континуираната меѓуинституционална поддршка во процесот на модернизација. Посебен акцент премиерот…

Повеќе

Лишени од слобода осум лица на територијата на цела држава во текот на изминатото деноноќие, затоа што кај нив е пронајдена дрога На 05/06.06.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ѓ.Д.(30) од Велес, Ф.П.(28) од Куманово, И.М.(23), Б.В.(27), А.Б.(27) и А.Ш.(29) сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 05.06.2026 во 23:40 часот, на ул. „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.Б. (19) од Тетово,…

Повеќе

Во Институтот за јавно здравје денеска беше отворено психолошко советувалиште за деца и адолесценти, прво од ваков вид во државата, кое ќе обезбедува стручна поддршка за деца, тинејџери, родители и наставници преку системот „Мој термин“, соопшти директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. Како што истакна Андоновска, отворањето на советувалиштето е дел од пошироките активности за унапредување на здравствените услуги и враќање на довербата на граѓаните во институциите. „Денеска имавме чест заедно со гостите за првпат да го отвориме психолошкото советувалиште за деца и адолесценти, кое е единствено од ваков карактер во државата. Има за цел стручни лица да…

Повеќе