Денеска започна гласањето на болните и изнемоштените лица во Општина Брвеница, со што практично стартуваше завршната фаза од предвремените локални избори. Вкупно 107 граѓани со нарушена здравствена состојба го остваруваат своето право на глас во 24 населени места, додека утре, на 1 ноември, сите останати жители со право на глас ќе одлучуваат кој ќе го раководи општинското кормило.
Откако синоќа на полноќ стапи на сила изборниот молк, во општинските простории и на гласачките места сè е подготвено за утрешното колуминативно изјаснување.
Право на глас на почетокот на овој изборен циклус имаа точно 16.256 граѓани. За време на гласањето на 18 октомври на избирачките места излегоа 7.565 гласачи, со што излезноста во првиот круг достигна 46,56 проценти.
Бидејќи ниту еден од пријавените кандидати не успеа да го освои потребниот законски минимум за победа во првиот обид, општинската комисија организира втор круг во кој ги соочува двајцата кандидати со најголем број освоени гласови.

