Врховниот суд го одби како неосновано барањето на Стојанче Јовановски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, со што дефинитивно останува во сила затворската казна од 12 години.
Јовановски беше осуден за телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, во трагичниот случај со неговата сопруга Ивана, која го загуби животот откако скокна од зграда заедно со нивната шестгодишна ќерка Катја.
Од Врховниот суд информираат дека одлуката е донесена на седница одржана на 21 октомври 2026 година, по разгледување на барањето поднесено од осудениот преку неговите адвокати.
Со оваа одлука остануваат во сила пресудите на Основниот кривичен суд Скопје од 7 мај и на Апелациониот суд Скопје од 18 јуни годинава.

