Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за измерените температури низ градовите и мерните станици во земјава.
Според мерењата извршени во 22 часот, најниска температура е регистрирана на Попова Шапка, каде се измерени 2,7 степени. Студено е и во Маврови Анови со 4,7 степени, Крушево со 5,2, Лазарополе со 5,7 и Ѓуриште со 6,0 степени.
Во останатите населени места измерени се следните температури: Тополчани 7,9°, Претор 8,2°, Крива Паланка 8,9°, Виница 9,0°, Прилеп 9,7° и Битола со точно 10,0 степени.
Над 10 степени вечерва се измерени во Тетово (10,3°), Штип (10,4°), Зајчев Рид (10,9°), Струмица (11,1°), Велес (11,4°), Скопје-Петровец (11,6°) и Кавадарци (11,7°).
Најтопло во 22 часот е во Гевгелија, каде живата на термометарот покажува 12,9 степени.
За мерните станици во Пожаране и Радовиш Пожар во табелата нема забележано податоци за измерената температура.

