Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ескалација во Париз: Демонстрантите го блокираа Лувр, музејот ги затвори вратите

    Ескалација во Париз: Демонстрантите го блокираа Лувр, музејот ги затвори вратите

    20.10.2026 во 09:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Светски познатиот музеј Лувр во Париз денеска беше принуден да ги затвори вратите за посетителите откако демонстранти ги блокираа сите влезови во објектот. Блокадата е дел од бранот протести што ја зафатија Франција поради високите трошоци за живот и состојбите во образованието.

    Од раководството на музејот, каде што се изложени уметнички ремек-дела како „Мона Лиза“ и „Венера де Мило“, преку платформата X потврдија дека објектот е затворен поради студентски протести, без да наведат кога повторно ќе биде отворен за јавноста.

    Блокадата пред музејот ја предводеа студентите од „Училиштето Лувр“, специјализирана институција за историја на уметност, археологија, антропологија и музеологија. Тие излегоа во поддршка на средношколците и за да ја осудат, како што рекоа, полициската репресија, објавија француските медиуми.

    Лувр важи за најпосетуван музеј во светот, со околу девет милиони посетители годишно.

    Одлуката за затворање доаѓа по викендот исполнет со демонстрации кои во повеќе француски градови ескалираа во судири, насилство и грабежи.

    Бранот масовни протести во Франција започна во средината на септември како локален штрајк на учениците и наставниците во средно училиште во сиромашно предградие на Париз, поради лошите услови за работа, недостигот на кадар, преполните училници и дотраените згради.

    Оттогаш, незадоволството се прошири низ сите средни училишта и универзитети во земјата, со блокирање на сообраќајниците и конфликти со полицијата.

    На студентските и ученичките собири подоцна им се приклучија синдикатите, родителите и активистите од движењето „Жолти елеци“, со што барањата се проширија и против владините мерки за штедење и поскапувањето на горивата.

    Прочитај повеќе

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Земјотрес ја погоди Србија

    29.10.2026 во 22:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.