Close Menu
Press24
    Најново

    Приведени 13 луѓе: Полицијата им пронајде марихуана, таблети и прашкасти материи

    31.10.2026 во 12:19

    Тетово: Тинејџер нападнат во школо, друг следен со моторцикл по фудбалски тренинг

    31.10.2026 во 11:28

    Алта Банка АД Битола: Ликвидни сме и продолжуваме со редовно и непречено работење

    31.10.2026 во 11:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведени 13 луѓе: Полицијата им пронајде марихуана, таблети и прашкасти материи
    • Тетово: Тинејџер нападнат во школо, друг следен со моторцикл по фудбалски тренинг
    • Алта Банка АД Битола: Ликвидни сме и продолжуваме со редовно и непречено работење
    • Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд
    • Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените
    • СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, ОЈО веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески
    • Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Приведени 13 луѓе: Полицијата им пронајде марихуана, таблети и прашкасти материи

    Приведени 13 луѓе: Полицијата им пронајде марихуана, таблети и прашкасти материи

    31.10.2026 во 12:19Updated:31.10.2026 во 12:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во едно деноноќие полицијата приведе 13 лица за поседување дрога. Според објавата на МВР, пронајдени се марихуана, прашкасти материи и таблети. 

    Станува збор за одделни случаи во Скопје, Прилеп, Демир Капија, Боговиње и Штип, а приведените биле на возраст од 18 до 46 години.

    -Во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Т.(37), М.А.(32), Л.А.(18), Е.Ѓ.(23), О.Ј.(22), О.К.(26), сите од Скопје, М.Х.(19) од населба Илинден, скопско, И.С.(35) од с. Ново Село, гостиварско, и Г.К.(46) од Кочани, откако кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста и бела грутчеста материја. На 30.10.2026 година, во 16:00 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека полициски службеници од затворската полиција при Казнено-поправната установа Затвор – Прилеп, при извршен преглед на осуденото лице И.Р.(32) од Прилеп, пронашле прашкаста материја, повеќе таблети во различни бои, како и предмети со прашкаста содржина, се вели во соопштението од МВР.

    Според полицијата, дрога била најдена и во други три случаи.

    -Истиот ден, во 21:00 часот, во с. Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Х.О.(44) од с. Пирок, откако кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица. На 31.10.2026 година, во 01:00 часот, во Демир Капија, полициски службеници од Полициската канцеларија Демир Капија го лишиле од слобода С.Р.(29) од с. Корешница, демиркаписко, кај кого при преглед биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и таблета. За настанот бил известен јавен обвинител. На 30.10.2026 година, во 19:05 часот, во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ф.И.(26) од Скопје. При извршување службени задачи, полициските службеници забележале дека тој користи марихуана, по што го фрлил отпушокот, кој бил пронајден и одземен, велат од МВР.

    По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Прочитај повеќе

    Тетово: Тинејџер нападнат во школо, друг следен со моторцикл по фудбалски тренинг

    31.10.2026 во 11:28

    Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски

    30.10.2026 во 22:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.