Татковци пријавиле напад и следење на нивните тинејџери во тетово.
Во првиот случај, 14-годишно момче било физички нападнато во соученик во училиштето.
-Вчера во 15.15 часот во ПС Тетово, лицето А.Б. заедно со неговиот 14 годишен малолетен син пријавилe физички напад извршен врз неговиот син од страна на негов соученик од тетовско основно училиште. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, се вели во билтенот на тетовската полиција.
Во другиот случај, пак, малолетник бил следен од, засега, непознати лица со моторцикл по завршување на тренингот во ФК Шкендија.
-Вчера во 15.35 часот во СВР Тетово, К.У. од Тетово пријавил дека неговиот малолетен син, по завршување на тренинг во спортскиот центар АМЦ каде тренирал за фудбалскиот клуб Шкендија, додека се враќал кон својот дом, забележал дека го следат две лица со мотоцикл кои имале намера физички да го нападнат. Малолетникот успеал да избега и да ги избегне. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од СВР Тетово.
Иако причините за нападите не се наведени во билтенот на тетосвската полиција, во изминатиот период тетовци алармираат на сѐ поголеми меѓуетнички тензии во градот, особено меѓу малолетниците. На социјалните мрежи често се наоѓаат видеа од бркотници и тепачки помеѓу тинејџери, за кои се тврди дека причината за тоа е етничката припадност.
Во изјави за медиуми, неколкумина тетовци изјавија дека се принудени своите деца секаде да ги носат со автомобил од страв тие да не бидат нападнати.

