Author: Author 04

Вчера (05.06.2026 година) околу 10:00 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Илинденска“ во Тетово, спроти Основниот суд, се случила сообраќајна несреќа во која електричен тротинет управувано од 16- годишен малолетник од село Лисец, кој удрил во пешакот И.Ѓ. (32) (женско) од село Непроштено. По несреќата, пешакот И.Ѓ. во неконтактибилна состојба итно била пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош, од каде поради сериозноста на здобиените повреди, таа е префрлена на понатамошно лекување во Комплекс клиникит ,,Мајка Тереза” во Скопје, соопштија од тетовската полиција.  На местото на настанот увид извршила екипа на СВР Тетово“,…

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа се случила во Софија, во близина на селото Челопечене, во која животот го загубија три лица, а уште 10 се здобија со повреди, од кои дури седуммина се во критична и тешка состојба. Меѓу жртвите во оваа катастрофа се двајца патници од автобусот, мажи на возраст од 27 и 31 година, од кои едниот починал набрзо по приемот во болница. Третиот загинат, исто така маж, им подлегнал на повредите во болницата „Св. Анна“. Според првичните информации и собраните докази од истрагата, главна причина за несреќата е енормната брзина со која се движеле два автомобили, која изнесувала над…

Повеќе

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е имплементација на ново софтверско решение со кое се врши модернизација и унапредување на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа. Како што појаснуваат од таму, воведувањето на новиот систем донесе одредени технички пречки кои директно влијаат врз предвидените рокови за исплата на средствата до корисниците. „Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Во процесот на техничко усогласување и миграција на податоците се појавија одредени непредвидени…

Повеќе

Општина Тетово воведува нова мерка за финансиска поддршка на семејствата, со која ќе се доделуваат по 100 евра за секое прваче запишано во основните училишта на нејзината територија. Информацијата преку социјалните мрежи ја сподели советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Тетово, Ангел Карапетров, кој посочи дека локалната самоуправа донела одлуки кои директно ги засегаат најмладите. „Првата одлука се однесува на еднократна финансиска поддршка за секое прваче во износ од 6.150 денари, мерка со која се овозможува полесен и поддржан почеток на новата учебна година за најмладите ученици и нивните семејства. Втората одлука предвидува реконструкција на паркот кај Музичкото училиште…

Повеќе

Вчера се запали приколка од камион на еден регионален пат во земјава. Пожарот е успешно изгаснат. – Во 14.20 часот, на регионалниот пат Струмица-Валандово, ТППЕ Струмица со две противпожарни возила и пет пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запалена приколка од камион. Пожарот е целосно изгаснат за кратко време после пристигнувањето на лице место, извести ТППЕ Струмица.

Повеќе

Астролозите предвидуваат ден во кој логиката ќе мора да им отстапи место на емоциите. Наместо анализи, денот бара флексибилност и посветување време на личниот мир, семејството и креативните проекти кои можат да донесат значителен напредок.Овен: Потребно е да забавите и да не се обидувате да решите сè веднаш. Денес повеќе ќе добиете ако слушате отколку ако реагирате. Во љубовта, интуицијата ви покажува што навистина се случува. Работата бара трпение и подготовка. Бик: Инспирацијата доаѓа преку луѓе, разговори и заеднички идеи. Можно е пријател или колега да ви предложи нешто што вреди да се развие понатаму. Во љубовта, чувствувате поголема блискост.…

Повеќе

На СДС му смета се што е во корист на државата. Не сакаат Македонија да напредува и да успее, затоа и му пречи и дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој во Скопје го потврди и претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Минатата недела од Македонија, Кошта испрати јасна порака дека државата има опиплив напредок во делот на исполнување на Реформската агенда, а дополнително тоа се потврди и со добивањето на 65,7 милиони евра од Планот за раст, што е за 50% повеќе од, како што ги нарекуваат, фронтранерите Црна Гора и Албанија. Државата…

Повеќе

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето и Денот на згрижувачките семејства, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими дечиња и претставници на згрижувачките семејства од СОС Детско село, како и дел од раководството на организацијата. Оддавајќи им почит за благородната дејност и хуманоста, претседателката ги оквалификува згрижувачите како големи мајки и татковци, како големи родители. „Со Вас домот не е само куќа“, истакна таа и додаде дека неопходно е соодветно да се вреднува нивниот труд којшто го вложуваат во чувањето и воспитувањето на децата. Според неа, згрижувачките семејства имаат потреба од згрижувачки однос на државата кон нив. Во придружба на,…

Повеќе

Повеќе од 14.500 матуранти ширум земјава од утрово се во училишните клупи и го полагаат првиот изборен екстерен испит од државната матура. Оваа година процесот носи целосна нова динамика, со оглед на тоа што за првпат се полагаат три различни типови матура прилагодени според средното образование на учениците. Податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ) покажуваат дека од вкупно пријавените 14.587 ученици, убедливо најголем дел полагаат класична државна матура, додека останатите се распределени во стручна и уметничка матура. Англискиот јазик е дефинитивно најубедливиот избор каде знаењето ќе го тестираат над 13 илјади кандидати, додека за математика се пријавиле нешто повеќе од…

Повеќе

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степени.…

Повеќе