Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Градоначалникот Ѓорѓиевски на појадок со стопанствениците од индустриска зона ,,Пинтија”
    • (ГАЛЕРИЈА) Нови 34 питомци дадоа свечена заклетва на Воената академија во Скопје
    • „Маж ја допирал по телото ќерка ми во автобус“ – Вознемирена скопјанка пријавила во полиција
    • Таткото на сопругата на Ѓоко Ристов сведочеше за станот во Карпош: Плативме 140.000 евра, секоја страна даде по половина
    • Утре од 8 часот наутро посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје: Се затвораат повеќе улици
    • (ФОТО) Клековски ги посети пациентите со трансплантиран бубрег: Годинава изведени 15 трансплантации на Урологија
    • Падна кривична пријава за двајца вработени во Брзата помош во Тетово – не испратиле екипа за повредено лице
    • Трактор излета од пат во Пехчево, загина маж
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Градоначалникот Ѓорѓиевски на појадок со стопанствениците од индустриска зона ,,Пинтија”

    Градоначалникот Ѓорѓиевски на појадок со стопанствениците од индустриска зона ,,Пинтија”

    22.10.2026 во 14:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На иницијатива на Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,  денеска се одржа заеднички појадок со стопанствениците долж булеварот „Борис Трајковски“, вредни домаќини кои со своето разбирање и соработка дадоа значаен придонес за решавање на еден децениски проблем.

    – Заедно покажавме дека со искрен разговор, меѓусебна почит и волја, се наоѓа решение. Претходно постигнавме договор за експропријација и овозможивме да се доврши булеварот кој цели 30 години беше синоним за застој, неизвесност и секојдневна голгота за граѓаните. Им благодарам од срце за довербата, трпението и подготвеноста да бидат дел од оваа голема промена. Зад овие стопанственици стојат години труд, многубројни вработени и семејства чија егзистенција зависи од успешното работење на нивните компании.  Нивниот придонес за Скопје е голем и наша обврска е да внимаваме на нивните потреби, да ги слушаме и да создаваме подобри услови за работа и развој. Во мене секогаш ќе имаат пријател и партнер, а во Град Скопје поддршка на која можат да се потпрат – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

    Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека по само пет месеци посветена работа, булеварот „Борис Трајковски“ е во финална фаза и дека она што со децении остануваше недовршено, се завршува пред ветениот рок до Нова година.

    – За повеќе од 100.000 граѓани тоа значи безбедно движење, полесно секојдневие и достоинствено враќање дома. За стопанствениците – подобар пристап до нивните објекти и подобри услови за работа. Ова е силата на дадениот збор кога зад него стојат одговорност, работа и соработка со народот. Скопје се сака со дела – нагласи Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Утре од 8 часот наутро посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје: Се затвораат повеќе улици

    22.10.2026 во 13:33

    Герасимовски: Ангажирани 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари

    22.10.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.