Close Menu
Press24
    Најново

    Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија

    28.10.2026 во 15:59

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49

    Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

    28.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
    • Кражба во охридски хостел: Египќанец украл телефон и пари од гости, па приведен на автопатот Тетово – Скопје
    • Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски со стипендии за осум ученици: По 4.500 денари месечно за полесно школување

    Герасимовски со стипендии за осум ученици: По 4.500 денари месечно за полесно школување

    28.10.2026 во 11:131 Min Read
    Општина Центар - Скопје
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Осум ученици од основните училишта во Општина Центар ќе добиваат финансиска поддршка од општината во текот на учебната 2026/2027 година, откако градоначалникот Горан Герасимовски им ги додели годишните стипендии наменети за деца од семејства во социјален ризик.

    Секој од учениците ќе добива по 4.500 денари месечно, во периодот од октомври 2026 до мај 2027 година, односно во текот на осум месеци.

    При доделувањето на стипендиите, Герасимовски разговарал со учениците за нивните училишни активности, омилените предмети и интересите, упатувајќи им порака дека околностите во кои растат не треба да бидат пречка за нивниот развој и образование.

    „Секое дете заслужува можност да напредува и да го оствари својот потенцијал. Наша обврска е да им дадеме поддршка и да им покажеме дека не се сами“, истакна Герасимовски, посочувајќи дека стипендиите треба да им помогнат во покривањето на училишните потреби и да ги охрабрат во понатамошното образование.

    Од Општина Центар информираат дека оваа мерка се спроведува секоја година, при што се доделува по една стипендија за ученик од секое од осумте општински основни училишта.

    За реализација на програмата за тековната учебна година од општинскиот буџет се издвоени вкупно 330.000 денари.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Ѓорѓиевски заедно со колегите и илјадници граѓани повторно ги засукаа ракавите: Да оставиме пример, не ѓубре

    28.10.2026 во 12:33

    Кузеска: По падот на Вучиќ, пари од Алта банка се префрлаат во Македонија

    28.10.2026 во 11:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.