Author: Author 04

„Единствениот пат кон членство во европската Унија се уставните измени, тоа се и последните пораки од ЕУ, нагласи пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ21. Лукаревска посочи дека одговорноста сега е кај Владата, но наместо стратегија која ќе го олесни влегувањето во европското семејство, власта свесно го блокира европскиот пат и во јавноста пласира лаги и манипулации. „Сите сигнали и пораки коишто ги добиваме и од претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта, и од извештајот на известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц кој што се усвои во Комитетот за надворешни работи, и од…

Повеќе

Вчера во 18:00 часот во Полициската станица Карпош полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со О.Ѓ.(43) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички го нападнала нејзиниот 15-годишен син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Четириесет и шестгодишен скопјанец итно е пренесен во болница откако вчера попладне бил пронајден со убодна рана во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром. Случајот во СВР Скопје бил пријавен од страна на Службата за итна медицинска помош вчера околу 14:00 часот, по што полициски екипи веднаш излегле на терен. Поради сериозноста на повредата предизвикана од нож, повредениот Д.Б. (46) од Скопје експресно бил транспортиран во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Полициските службеници извршиле разговор со повредениот, при што според првичните сознанија и неговата лична изјава, тој сам се повредил при пад во кујната додека работел.…

Повеќе

Вчера околу 13:30 часот во СВР Скопје, В.Н.(69) од Скопје пријави дека на 03.06.2026 околу  10:00 часот, додека чистела шкаф со алат во семејната куќа, пронашла предмет што наликувал на експлозивна направа – рачна бомба на која имало натпис СРБ и БР. М75 школска. Се преземаат мерки на расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во периодот од 11:00 до 13:00 часот во СВР Куманово, полициски службеници извршија службен разговор со Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишник, сите од Куманово. Тие се сомничат дека, со употреба на сила влегле во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Куманово и одзеле поголем број маси и столови. Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишникот во разговорот го признале делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава

Повеќе

Времето денеска променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град, велат од УХМР. Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наредните денови следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Заради големата енергија во атмосферата ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Повеќе

Вчера во 11:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Рудничка” во Кичево, електричен тротинет, управуван од 13-годишен малолетник од Кичево, удрил во паркирано патничко возило „опел астра” со кичевски регистарски ознаки, паркирано од Г.Д.(47) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

Повеќе

На 06.06.2026 (сабота) поради одржување на ревијална трка со почеток во 17:00 до 18:00 часот од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено трката почнува со старт од Порта Македонија, потоа десно долж улицата „Димитрие Чупоски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булевар „ВМРО“, лево по булевар „Илинден“ до крстосница со улицата „Наум Наумовски Борче“–Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите…

Повеќе

Лишени од слобода 11 лица на територијата на цела држава во текот на изминатото деноноќие затоа што кај нив е пронајдена дрога На 04/05.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.Б.(21), Ј.Р.(24), Л.М.(22) и Г.М.(52), сите од Скопје, Х.Ќ.(36) и Т.К.(36) од Германија, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. На 04.06.2026 во 07:20 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ј.М.(39) од с.Калуѓерица, радовишко. При контрола на товарно возило „волво“ со радовишки…

Повеќе

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска порача дека интензивно се работи на стабилизација и подобрување на состојбата со менаџирањето со отпадот во главниот град, најавувајќи набавка на нова механизација и опрема. Локалните власти фокусот го ставаат на зголемување на ефикасноста во работењето на ЈП „Комунална хигиена“, каде веќе се санирани дел од наследените финансиски долгови кон вработените. -Очекувам дека од септември темата за отпадот повеќе нема да биде третирана во јавноста на начинот на кој беше досега. Навистина е тешко. Имаше сериозни проблеми во Комунална хигиена, вклучително и неисплатени плати. Во моментот кога станав градоначалник, обврските по основ на плати…

Повеќе