- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 04
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судскиот процес против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност поврзани со катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ од 16 март 2025 година. На денешното рочиште пред Судот беше презентиран писмениот извештај од Институтот за судска медицина, според кој смртта кај 59 жртви била насилна и настапила како резултат на труење со јаглероден моноксид или задушување поради притисок врз градниот кош, додека четири лица починале во болница. Обвинителството, застапувано од обвинителката Спасенка Андонова од ОЈОГОКК, во судницата приложи и обемна медицинска документација и вештачења за 157 лица кои…
Со инвестиција од 4,2 милиони евра за прв пат набавуваме нови возила и опрема за одржување на хигиената низ општините. Ова е најголема поддршка до сега од Владата за општините во делот на подобрување со сотојбата со хигиента. “Се купуваат 49 возила од различен тип, кои што треба да помогнат на градот Скопје и на останатите општини за подобрување на состојбата со хигиената. Се купуваат 17 мултифункционални возила за урбано одржување хигиена со вкупна вредност од 1,5 милиони евра, 3 мултифункционални возила за урбано одржување хигиена со соодветни механизми со вредност од 283 илјади евра, 9 специјализирани камиони кои што…
СДСМ денеска од пред Јавното обвинителство побара одговор на клучното прашање кое ја интересира целата јавност: дали постои дил меѓу Христијан Мицкоски и Асмир Јахоски од Пуцко Петрол за случајот „Мазут“, тежок 167 милиони евра? Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, посочи дека постојат сериозни сомнежи за политичко влијание врз правосудниот систем и селективна правда откако овој случај беше прекинат од обинителството. „Како тоа се одредува притвор за недокажани 1.800 евра, а се прекинува постапка за 167 милиони евра?. Како тоа бодигардот на Мицкоски условно се пушта за претепување, а за недокажани 1.800 евра се одредува притвор?“ Причината за ваквите…
Општина Бутел започнува со поставување на видео надзор на сите јавни површини, детски игралишта и спортско-рекреативни центри, со цел да се спречи натамошното уништување на урбаната опрема, информираше градоначалникот Дарко Костовски. Локалните власти се одлучија на овој чекор по зачестените појави на вандализам, каде новоизградените содржини за најмладите и за рекреативците редовно се на мета на несовесни граѓани. „Изминатиот период сведоци сме на уништување на јавните површини, детските играчишта, спортско рекреативните центри, како и парковите. Се обидовме да ја заштитиме урбаната опрема особено детските игралишта, спортските терени но по сите напори уништувањето продолжива. Дел од терените не траат ниту два…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги информираше членовите на својот кабинет дека нема да свика гласање за најновата верзија на договорот за прекин на огнот со Либан, постигнат со посредство на САД, сè додека милитантното движење Хезболах не ги прифати условите на документот. Како што јавува израелскиот медиум Ynet, дел од министрите упатиле сериозни критики за кревкото примирје усогласено во Вашингтон и побарале писмените услови задолжително да бидат ставени на гласање пред Израел официјално да ги прифати. Сепак, премиерот одбил да отвори гласање со образложение дека во моментов воопшто не постои конечен договор бидејќи другата страна одбива да се усогласи со…
Непознато лице во раните утрински часови фрлило експлозивна направа врз семејна куќа во Нов Белград, предизвикувајќи значителна материјална штета на објектот, соопштуваат регионалните медиуми. Експлозијата се случила околу 3:20 часот наутро на улицата Нехруова, при што од силината на детонацијата целосно е оштетена фасадата на куќата, скршени се прозорците, а видливи оштетувања има и на самата тераса. Според првичните неофицијални информации, во моментот на нападот сопствениците на куќата се наоѓале внатре во објектот, но за среќа нема повредени лица. Извори од истрагата брифираат дека ова не е прв инцидент насочен против истото семејство, со оглед на тоа што пред извесен…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина нема долго да опстане во војната со Русија доколку изостане воената опрема и вооружување од Соединетите Американски Држави, пренесуваат странските медиуми. Зборувајќи пред новинарите во Белата куќа, шефот на државата го потенцираше огромниот обем на досегашната финансиска и воена поддршка што Вашингтон ја испорача за Киев. „Да не беше нашата армија и нашата опрема, Украина денес немаше да може да се бори за опстанок. Им дадовме опрема вредна стотици милијарди долари и најдобра опрема. И произведуваме најдобра опрема во светот. Без неа, тие немаше да издржат ниту еден ден или два“, рече Трамп.…
Грчките погранични власти ќе имаат можност привремено и делумно да го суспендираат новиот ЕЕС систем за пасошка контрола и да вршат регистрација на патниците без земање биометриски податоци доколку се создадат големи сообраќајни метежи. Оваа отстапка првично важи до 8 јули годинава, со солуција автоматски да биде продолжена до 6 септември 2026 година, со цел да се обезбеди нормален проток на возила на копнените гранични премини. Информацијата произлегува од официјалните писмени одговори на пратенички прашања кои ги достави заменик-министерот за заштита на граѓаните на Грција, Јоанис Ламбропулос, по честите реакции во јавноста и километарските колони кои се создаваат на преминот…
Инцидентот со чартер-летот на српски државјани, кои беа вратени од аеродромот во Тиват непосредно пред Самитот ЕУ – Западен Балкан, бил резултат на иницијатива на лица од неговото опкружување, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, нагласувајќи дека меѓу патниците немало криминалци ниту, пак, намера за предизвикување каква било дестабилизација. Говорејќи по пристигнувањето на самитот, Вучиќ истакна дека денес би им се извинил на црногорските домаќини за непријатностите што настанале од оваа ситуација. „Тие немаа оружје, ништо навредливо или опасно. Дојдоа за да создадат подобра атмосфера за мене, а никој дури не ме ни праша. Таму нема криминалци“, изјави Вучиќ. Тој појасни…
Најмалку пет лица го загубија животот, а околу 20 други се повредени во голем пожар што утринава избувна во одделот за интензивна нега на приватна болница во источната индиска држава Бихар, соопштија локалните власти. Според информациите на весникот „Хинду“, постои сериозен страв дека бројот на жртвите дополнително ќе се зголеми, со оглед на тоа што дел од повредените се наоѓаат во критична состојба во болницата во округот Музафарпур. Локалната противпожарна служба информираше дека огнената стихија избувнала околу 3:55 часот наутро по локално време, во моменти кога на самиот оддел за интензивна нега биле згрижени вкупно 13 пациенти. Во инцидентот се…
