Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: Купчиња денари и евра – богата заплена на полицијата во утринската акција во Куманово

    05.11.2026 во 11:21

    Кочоска вели банкарскиот сектор е стабилен – Најави повисоки плати во институциите

    05.11.2026 во 11:18

    ДУИ: Извештајот на Европската комисија е најзагрижувачката оценка за земјава во последните години

    05.11.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Купчиња денари и евра – богата заплена на полицијата во утринската акција во Куманово
    • Кочоска вели банкарскиот сектор е стабилен – Најави повисоки плати во институциите
    • ДУИ: Извештајот на Европската комисија е најзагрижувачката оценка за земјава во последните години
    • Сиљановска-Давкова на средба со дијаспората во Белгија: Врските со татковината мора постојано да се негуваат и продлабочуваат
    • Државниот завод за ревизија откри милионски загуби и сериозни пропусти во работењето на ЈП ЖРСМ Инфраструктура
    • Кос со порака до Македонија: ЕУ ќе ве поддржува, но уставните измени остануваат услов
    • 10 возачи приведени за 24 часа – Возеле пребрзо и „мортус пијани”
    • Дефект остави неколку населби без вода – Прекин во дел од Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Купчиња денари и евра – богата заплена на полицијата во утринската акција во Куманово

    ФОТО: Купчиња денари и евра – богата заплена на полицијата во утринската акција во Куманово

    05.11.2026 во 11:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Голема полициска акција во Куманово поради сомневања за организиран криминал, изнуда и перење пари. Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал од утрово вршат претреси на повеќе локации, а според неофицијалните информации, цел на истрагата е криминална група која подолг период се занимавала со лихварство, изнуда и перење пари.

    Од Јавното обвинителство потврдија дека акцијата се спроведува по наредба на надлежен јавен обвинител, кој ги координира полициските активности.

    „Врз основа на наредби обезбедени од надлежното јавно обвинителство се вршат повеќе претреси за обезбедување докази во врска со кривични дела изнуда, перење пари и други приноси од казниво дело и несовесно работење во службата“, информираат од Обвинителството.

    Според неофицијалните информации осомничената група наводно користела закани, насилство и уцени за да изнудува пари и да стекнува противправна имотна корист. За организатор се сомничи лице познато под прекарот Штука, а во рамките на акцијата се проверуваат и нотарска канцеларија и менувачница, поради можна поврзаност со сомнителните финансиски активности.

    Неофицијално, при досегашните претреси биле пронајдени пари, возила и документација што би можеле да бидат значајни за истрагата.

    Акцијата сè уште трае, а засега нема официјални информации за бројот на осомничени, евентуално приведени лица и вредноста на пронајдените пари и други предмети. Од Обвинителството најавуваат повеќе детали по завршувањето на полициските активности.

    Прочитај повеќе

    МВР за акцијата во Куманово: Полицијата врши претреси за изнуда, перење пари и несовесно работење

    05.11.2026 во 10:49

    „Глумел телевизија” на Фејсбук – скопјанец објавувал серии без дозвола, полицијата му влезе во траг

    05.11.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.