Close Menu
Press24
    Најново

    Кочоска вели банкарскиот сектор е стабилен – Најави повисоки плати во институциите

    05.11.2026 во 11:18

    ДУИ: Извештајот на Европската комисија е најзагрижувачката оценка за земјава во последните години

    05.11.2026 во 11:18

    Сиљановска-Давкова на средба со дијаспората во Белгија: Врските со татковината мора постојано да се негуваат и продлабочуваат

    05.11.2026 во 11:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кочоска вели банкарскиот сектор е стабилен – Најави повисоки плати во институциите
    • ДУИ: Извештајот на Европската комисија е најзагрижувачката оценка за земјава во последните години
    • Сиљановска-Давкова на средба со дијаспората во Белгија: Врските со татковината мора постојано да се негуваат и продлабочуваат
    • Државниот завод за ревизија откри милионски загуби и сериозни пропусти во работењето на ЈП ЖРСМ Инфраструктура
    • Кос со порака до Македонија: ЕУ ќе ве поддржува, но уставните измени остануваат услов
    • 10 возачи приведени за 24 часа – Возеле пребрзо и „мортус пијани”
    • Дефект остави неколку населби без вода – Прекин во дел од Скопје
    • Дојави за бомби во три авиони на „Рајанер“: Два слетале во Софија, еден во Пловдив
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: Извештајот на Европската комисија е најзагрижувачката оценка за земјава во последните години

    ДУИ: Извештајот на Европската комисија е најзагрижувачката оценка за земјава во последните години

    05.11.2026 во 11:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Извештајот на Европската комисија за 2026 година претставува една од најзагрижувачките оценки што Северна Македонија ги добила во последните години. Тој покажува дека земјата го губи чекорот во реформите, сè повеќе заостанува на патот кон европската интеграција и се соочува со сериозни проблеми во функционирањето на институциите, стои во соопштението на ДУИ.

    „За првпат, конкретните проблеми со спроведувањето на употребата на албанскиот јазик и правичната и соодветна застапеност заземаат толку јасно место во оценката на Европската комисија. Ова е најтешката политичка последица од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ со ВЛЕН: прашањата на еднаквоста, кои требаше да бидат неспорни институционални гаранции, денес се претворија во европска загриженост.

    ВЛЕН влезе во Владата со ветување дека ќе ги претставува Албанците. Денес, последиците од нивното учество во ова владеење се читаат во Брисел.

    Балансерот е укинат, новиот механизам за застапеност останува нерешен, додека албанските граѓани и студенти продолжуваат да се соочуваат со пречки во остварувањето на своите јазични права.

    И во другите области, билансот е алармантен: нема напредок во борбата против корупцијата, нема напредок во слободата на изразување, нема напредок во јавните набавки, ниту во заштитата на потрошувачите и здравството. Влада која вети реформи, денес произведува стагнација во основните области на државата.

    Во меѓувреме, Албанија напредува во преговорите, Црна Гора се приближува до нивното завршување, додека Северна Македонија останува надвор од новата динамика на проширувањето, без да го отвори ниту првиот кластер.

    Ова е цената што граѓаните ја плаќаат за политичкиот курс на оваа Влада.

    Северна Македонија губи драгоцено европско време, додека Албанците повторно се соочуваат со оспорување на правата што ги сметаа за загарантирани“, велат од ДУИ.

    Демократската унија за интеграција оценува дека овој извештај треба да послужи како аларм за итна промена на владиниот курс. Еднаквоста, функционирањето на државата и европската перспектива не можат и понатаму да бидат жртви на ова владеење.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова на средба со дијаспората во Белгија: Врските со татковината мора постојано да се негуваат и продлабочуваат

    05.11.2026 во 11:16

    Зајкова по трагедијата во Богданци: „Со одбивањето на електронската нараквица убивте уште една жена“

    05.11.2026 во 10:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.