Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова на средба со дијаспората во Белгија: Врските со татковината мора постојано да се негуваат и продлабочуваат

    05.11.2026 во 11:16

    Државниот завод за ревизија откри милионски загуби и сериозни пропусти во работењето на ЈП ЖРСМ Инфраструктура

    05.11.2026 во 11:14

    Кос со порака до Македонија: ЕУ ќе ве поддржува, но уставните измени остануваат услов

    05.11.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова на средба со дијаспората во Белгија: Врските со татковината мора постојано да се негуваат и продлабочуваат
    • Државниот завод за ревизија откри милионски загуби и сериозни пропусти во работењето на ЈП ЖРСМ Инфраструктура
    • Кос со порака до Македонија: ЕУ ќе ве поддржува, но уставните измени остануваат услов
    • 10 возачи приведени за 24 часа – Возеле пребрзо и „мортус пијани”
    • Дефект остави неколку населби без вода – Прекин во дел од Скопје
    • Дојави за бомби во три авиони на „Рајанер“: Два слетале во Софија, еден во Пловдив
    • МВР за акцијата во Куманово: Полицијата врши претреси за изнуда, перење пари и несовесно работење
    • Андоновски се пофали: ЕУ ни даде „добар напредок“ за дигитализацијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова на средба со дијаспората во Белгија: Врските со татковината мора постојано да се негуваат и продлабочуваат

    Сиљановска-Давкова на средба со дијаспората во Белгија: Врските со татковината мора постојано да се негуваат и продлабочуваат

    05.11.2026 во 11:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на нејзината работна посета на Брисел, оствари средба со претставници на македонската дијаспора во Белгија.

    Како што информираат од нејзиниот Кабинет, иселениците ги споделиле своите искуства од животот и работата во Белгија, при што ја потенцирале потребата од постојана комуникација и поцврста поврзаност со македонските институции.

    – Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и поцврста поврзаност со македонските институции – соопшти Кабинетот на претседателката.

    Сиљановска-Давкова посочила дека географската дистанца не значи и духовно оддалечување од татковината, додавајќи дека човек може физички да замине од својата земја, но таа никогаш не заминува од него. Таа истакнала дека врските со дијаспората мора да се негуваат, да се шират и да се продлабочуваат, без оглед на етничкото потекло, јазикот или генерацијата на која ѝ припаѓаат иселениците.

    Дел од присутните изразиле подготвеност преку конкретни проекти да ги споделат стекнатите знаења и искуства, ставајќи ги својата експертиза и професионални контакти во функција на унапредување на трговската размена и поефикасно користење на европските фондови.

    Од Кабинетот на претседателката додаваат дека таа потенцирала дека дијаспората не смее да биде само набљудувач на општествените процеси, туку активен и рамноправен партнер во нивното обликување, преку институционално поврзување, размена на знаења и искуства и непосредно учество во креирањето политики.

    Прочитај повеќе

    Зајкова по трагедијата во Богданци: „Со одбивањето на електронската нараквица убивте уште една жена“

    05.11.2026 во 10:25

    ВМРО-ДПМНЕ: Додека Мицкоски е премиер, ќе има плати и пензии, банките нема да пропаѓаат

    05.11.2026 во 09:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.