- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 04
Премиерот Христијан Мицкоски оствари билатерална средба со францускиот претседател Емануел Макрон, на која фокусот на разговорите бил ставен на евроинтеграциите и иднината на граѓаните од регионот. Средбата доаѓа во период на засилени дипломатски активности на македонската Влада насочени кон обезбедување поширока меѓународна поддршка за клучните државни позиции. Првиот човек на Владата ја потенцираше важноста на Франција во рамките на европското семејство, укажувајќи на потребата од директен и отворен дијалог со највлијателните европски лидери. „Пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон. Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои…
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција ги презентираше актуелните меѓународни и дипломатски постигнувања на земјава, упатувајќи притоа остри критики до опозициската СДСМ. Според партијата, последната посета на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, и обезбедените милионски средства од Планот за раст се реален доказ за опипливиот реформски напредок на Македонија на европскиот пат. „Дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ му пречи на СДС, на кои единствен успех би им бил уставни измени за редефинирање на македонската историја“ Како дополнителни успеси на македонската дипломатија, од ВМРО-ДПМНЕ ги посочија и изборот на земјава за членка на Економскиот и социјалниот…
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција изнесе сериозни обвинувања за наводен криминал и корупција поврзани со Царинската управа во времето кога со неа раководеше Стефан Богоев. Според партиските информации добиени од свиркачи, поранешниот директор на Царина ја договарал сумата за местење на јавната набавка во директна комуникација со претставник на фирмата која го добила договорот. „Митото од 2.000 евра за Богац било прво од неколкуте исплати кои требал да ги добие за местениот тендер во Царина вреден 18 милиони денари“ Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека наводната вибер конверзација се водела со лицето Александар Спирковски – Џемо, кој…
Вчера околу 10:00 часот било пријавено дека околу 01:00 часот по полноќ, Р.М. (35) од Битола со метален предмет оштетил дел од угостителски објект и повеќе светлечки реклами. Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Неспоредлива е поддршката на оваа Влада за развој и проекти во општините, од која било Влада претходно. Во 2024 и 2025 реализиравме 350 милиони евра за развој и инфраструктурни проекти во општините, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од средбата во ЗЕЛС со градоначалниците и претставниците од Светска банка каде токму се разговараше за развој и реализација на проекти во општините. Вицепремиерот Николоски додаде дека Министерството за транспорт во соработка со Светска банка го реализира проектот за изгардба и рехабилиатција на локланите улици во општните. За овие две години, како што потенцира Николоски, реконструирани се…
Страшна трагедија ја потресе Бања Лука откако претпладнево избувна пожар во семејна куќа, при што едно шестгодишно дете го загуби животот, а уште едно малечко е тешко повредено. Полициската управа во градот била алармирана за огнената стихија во 10:30 часот, по што на улицата „Караѓорѓева“ во населбата Лауш веднаш се упатиле полициски тимови, пожарникари и амбулантни возила. Припадниците на Противпожарната и спасувачка бригада брзо интервенирале на теренот за да го запрат ширењето на огнот, но за едното дете веќе било предоцна. „Членовите на Противпожарната и спасувачка бригада на Бања Лука го локализираа пожарот, по што беше утврдено дека едно дете…
На 05.06.2026 во 01:05 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро, на брегот на Охридското езеро го приведоа Н.А.(75) од охридското село Пештани. При акциска контрола, тој е затекнат при извршување на кривично дело „незаконит риболов“ и биле пронајдени и одземени повеќе парчиња риба и една рибарска мрежа. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ОВР Кичево поднесена кривична пријава против А.Л.(36) од селото Пласница, општина Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 264 од Кривичниот законик. Тој, од страна на полициските службеници бил затекнат како врши оштетување на еден од вагоните на т.н. воз „Ќиро“ марка HENCSHEL SON CASSEL N-1507 од 1917 година кој се наоѓа на булеварот „Ослободување“ во близина на железничка станица во Кичево. Возот, согласно известување од Националната установа музеј „Западна Македонија во НОБ“ од Кичево, е музејски предмет со историска вредност.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68) од кичевското село Другово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Насилство врз дете“ по член 201 од Кривичниот законик. Тој, при извршување работни задачи како професор во едно средно училиште во Кичево, во училница физички нападнал малолетничка-ученичка во истото школо која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево.
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска порача дека Европската унија има силна определба земјава да го започне преговарачкиот процес за членство, но потенцираше дека преземените обврски за уставните измени од 2022 година остануваат неопходен услов за напредок. Шефот на делегацијата на ЕУ во земјава се повика на неодамнешните пораки на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изразувајќи надеж за конструктивност во билатералните односи со соседите во периодот што следува. Оваа изјава евроамбасадорот ја даде за време на паузата на 23. Конференција на КОСАП во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали Брисел има „план Б“ за надминување на блокадата и ветото…
