- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 04
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не е никаква тајна фактот што криминални кланови од Црна Гора сакале да платат некого да изврши негово убиство, нагласувајќи дека таквите податоци веќе се заведени во записите на апликацијата „Скај“. Одговарајќи на новинарско прашање за сопствената безбедност по информациите дека одредени осомничени лица уште во 2021 година нуделе пари за негова ликвидација, тој појасни дека зад тие планови стојат конкретни водачи на црногорски кланови. „Не е голема тајна. Го имавте во снимките на Скај, па го симнаа во снимките од разговорите преку апликацијата Скај, значи го бараа веќе некое време, зборуваме за…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави можноста за одржување директна средба меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, пренесуваат локалните медиуми во САД. Шефот на Белата куќа пред новинарите во Овалната соба истакна дека официјален Вашингтон имал свое влијание врз ваквиот развој на настаните на релација Москва – Киев. „Мило ми е што зборуваат за средбата. Мислам дека влијаевме на неа. Мислам дека би било одлично ако се сретнат“, изјави американскиот претседател. Трамп дополнително појасни дека доколку дојде до реализација на оваа лидерска средба, и Путин и Зеленски ќе бидат принудени да прифатат одредени отстапки. „Јас…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека предлозите на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Украина би можеле да ги прекинат борбите, но порача дека Киев треба да направи компромис, нагласувајќи дека во спротивно е подготвен да оди до воена победа. На маргините на рускиот економски форум, во петтата година од конфликтот во Украина, рускиот лидер пред странските дописници истакна дека Москва е отворена за дипломатско решение, но под сопствени услови и без откажување од веќе преземените територии. Тој јасно стави до знаење дека нема намера да го промени својот став околу контролата на Донбас, барање кое претходно украинскиот претседател…
Ѕвездите денеска испраќаат порака дека не треба да се борите против текот на настаните, бидејќи енергијата ќе им помогне на сите оние кои имаат јасно зацртани намери. Овен, Бик, Близнаци: За Овните денот носи природна иницијатива во работата и нови можности преку средби, кај Биковите фокусот е на кариерата каде следува заслужено признание, додека Близнаците со Сонцето во нивниот знак пукаат од самодоверба и привлекуваат позитивен развој во љубовта. Рак, Лав, Девица: Раковите конечно добиваат решение за долготрајните грижи и напредок зад сцената, кај Лавовите во центарот се искрените односи и соработката на работното место, а Девиците денес со леснотија…
ВМРО-ДПМНЕ со реакција до Битиќи: Параметрите на Евростат ве демантираат, економијата се стабилизира
Непријатно е да се слуша СДС и нивните првенци како се препелкаат зборувајќи за економија, инфлација, скапотија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Фатмир Битиќи од редовите на СДСМ. „Делува како да не сакаат Македонија да се движи на подобро, економијата да се стабилизира и постепено да заживува. Излегуваат на прес-конференција каде јавно признаат дека им смета растот на БДП од 3,1%, кој впрочем е раст од 3 или над 3% седми квартал по ред, односно од заминувањето на СДС во длабока опозиција. Фатмир Битиќи кој еден од многуте во СДС кој сака оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да не…
Управата за хидрометеоролошки работи и локалните метеоролошки станици алармираат за нагло влошување на временските услови во малешевскиот крај. Во моментов, целиот Беровско-Пехчевски регион е зафатен од појава на пороен дожд, кој е проследен со засилен интензитет на ветерот. Според синоптичарите, на одредени места во овие општини постои сериозна опасност и од појава на суградица.
Со свечена церемонија на плоштадот „Скендербег“, денес официјално беше отворен Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026, прв настан од ваков вид во главниот град, организиран од Општина Чаир во соработка со Институтот за книга и промоција од Тирана. Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека овој саем претставува значаен момент за албанскиот јазик, културата и книгата. „Денес Скопје зборува на албански јазик. Зборува преку гласот на книгите, преку јазикот на мислата и преку присуството на нашата пишана култура, на отворањето на Албанскиот саем на книгата за првпат во овој град.“ Меџити нагласи дека организирањето на…
Со одржување на првата јавна расправа во Музејот на македонската борба во Скопје, официјално започна процесот за креирање на новата Национална стратегија за развој на туризмот за периодот од 2027 до 2032 година. Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, посочи дека овој стратешки документ е од клучно значење за градење на модерен, одржлив и конкурентен туристички сектор во државата. Според ресорниот министер, новиот стратешки пристап е неопходен за соочување со глобалните промени, при што туризмот игра витална улога во економскиот развој, отворањето работни места, привлекувањето странски инвестиции и меѓународната промоција. „Македонија располага со исклучителни природни и културни богатства. Наша…
Националната опера и балет објави дека на 83-годишна возраст почина Хазарос Сурмејан (1943–2026), македонски балетски уметник и кореограф, кој остави значаен белег во македонската и светската балетска уметност. Познатиот балетски творец, роден во Скопје, а починат во канадскиот град Торонто, изгради извонредна професионална кариера која траеше повеќе од пет децении. Своето образование и творечки пат ги започна во Македонија, а првиот професионален ангажман го оствари во Македонскиот народен театар во периодот од 1958 до 1961 година, каде остави забележителна трага со улогите на Бенволио во „Ромео и Јулија“, Џокер во „Фантастичен дуќан“ и Кашеј во „Жар-птица“. „Потоа ја продолжи својата…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде итно предупредување за развој на нестабилна воздушна маса која донесе нагло влошување на времето во југоисточниот дел на државата. Според официјалните мерења на метеоролозите, во околината на Дојран е регистрирана појава на силни грмежи, кои се проследени со интензивни врнежи од дожд и засилен ветер. Нестабилниот бран истовремено ја зафати и околината на Струмица, каде покрај врнежите од дожд и ретките грмежи, на места е забележана и појава на суградица. Од УХМР информираат дека облачноста која носи дожд веќе активно се проширува низ целото Струмичко подрачје, поради што се препорачува дополнителна претпазливост при…
