- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 04
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов одржа два работни состанока со претставници на дел од доброволните противпожарни друштва (ДПД) од Македонија, со цел поефикасно дејствување при гаснење пожари на отворен простор и при други евентуални потреби за заштита и спасување. На двата состаноци посебен акцент беше ставен на подобрувањето на координацијата во системот за заштита и спасување, а се разговараше и за унапредување на улогата и капацитетите на доброволните противпожарни друштва, можностите за нивното активно вклучување во гаснењето на шумските пожари во претстојната летна сезона, а и за продлабочување на соработката со ДЗС преку обуки, тренинзи,…
Седум лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие, следуваат соодветни пријави На 03.06.2026 во 14:35 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.М.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот 75-годишен татко. На 02.06.2026 во 23:00 часот во прилепско село, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 49-годишен маж, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека физички ја нападнал во семејниот дом. На 03.06.2026 во 12:40 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар лишија од слобода 40-годишна жена од гостиварско село, постапувајќи…
Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола, а еден со активна забрана Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, од кои шест возеле без возачка дозвола, а еден и покрај тоа што имал забрана за управување возило. Три лица во Битола возеле без возачка дозвола и по едно лице во Скопје, Неготино и Кичево. Додека, едно лице во Кичево управувало возило и покрај тоа што имал забрана за управување возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) излезе со итно предупредување за нестабилна воздушна маса која во моментов предизвикува сериозни наелектризирања и врнежи во неколку региони низ земјава. Според официјалните податоци од метеоролозите, во Прилепско и во целиот Пелагониски регион е регистриран пороен дожд, проследен со чести грмежи и значително засилен ветер. Паралелно со ова, нестабилното време со поројни врнежи, силен ветер и електрични празнења е активно и на просторот источно од Демир Хисар. Од УХМР нагласуваат дека движењето на оваа воздушна маса се одвива на релација од запад кон исток, при што се препорачува зголемена будност кај граѓаните во овие подрачја.
Досегашниот вицепремиер за добро владеење, Арбен Фетаи, ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел, соопшти копретседателот на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити. Актуелниот градоначалник на Општина Чаир појасни дека Фетаи веќе официјално поднел оставка од вицепремиерската функција за добро управување со цел да биде ангажиран на новата дипломатска позиција. Оваа кадровска одлука доаѓа по периодот во кој Фетаи речиси два месеци не се појавуваше на владините седници и немаше видливи активности како вицепремиер, иако во меѓувреме ја примаше функционерската плата. Во однос на идните чекори на Илинденска, Меџити потврди дека коалициските партнери веќе имаат начелна согласност…
Опозициската СДСМ ја обвини власта за отсуство на реформи и водење антиевропска кампања со цел свесно одржување на државата во изолација. На денешната прес-конференција, секретарот за меѓународна соработка Андреј Жерновски истакна дека од највисоко европско ниво пристигнале три клучни потврди кои ги демантираат тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ. „Прво, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на преговорите со Европската Унија. Сакам ова да биде сосема јасно. Тука веќе треба да престане секоја дилема, дебата и манипулација околу ова прашање.“ Според опозицијата, извештајот на Томас Вајц усвоен од Комитетот за надворешни работи…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против У.А.(26), Е.Џ.(25) и М.Г.(21), сите од с.Црник, општина Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 06.05.2026 на место викано „Турски гробишта“, пријавените со земјоделска машина-трактор се обиделе да прегазат двајца вработени во Шумско подрачно стопанство „Равна река“, кои ги затекнале пријавените при бесправна сеча на дрва.
Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, М.К.(49) од Скопје пријави дека на 27.05.2026 околу 13:40 часот на нејзиното работно место во здравствена установа на подрачјето на Центар, во канцеларијата влегла нејзината колешка Н.С., која воедно била и нејзина претпоставена и агресивно се однесувала и ѝ упатила закани.Според пријавеното, Н.С. во тој момент упатила закани и навреди и кон вработената А.А., која што била истуркана од канцеларијата од страна на Н.С, по што реагирало и обезбедувањето на установата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 23:04 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која што учествувале повеќе лица. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле Е.Ј.(35) и М.Ј.(37), по што се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Во врска со настанот, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Џ.(53), М.С.(27), Џ.Џ.(28), А.К.(44), С.С.(29), Ф.М.(46), Ф.С.(20), Д.Ј.(21), Е.Ј.(32), Ј.Ј.(27) и Н.Ј.(54), сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Министерството за образование и наука ќе финансира 14 заеднички научно-истражувачки проекти меѓу Македонија и Австрија, кои ќе се реализираат во области со голем развоен потенцијал согласно Стратегијата за паметна специјализација. За секој проект одделно од државниот буџет ќе бидат одвоени по 600 илјади денари, а рокот за нивна имплементација е две години, со почеток од 1 јули 2026 година. Договорите денеска беа потпишани од министерката проф. д-р Весна Јаневска и носителите на проектите. Како што на прес-конференција информираше министерката Јаневска, на конкурсот пристигнале вкупно 18 апликации, од кои 14 ги исполниле предвидените услови по спроведените домашни и странски рецензии. „Конкурсот…
