Министерот за здравство, Сашо Клековски, оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција во Скопје, Алпер Акташ.
На средбата биле разгледани можностите за продолжување и унапредување на добрите билатерални односи меѓу двете земји, со посебен фокус врз секторот здравство.
Клековски информираше дека меѓу главните теми на разговорот било и идното склучување Меморандум за разбирање за соработка во здравствениот сектор.
„Турција има развиен здравствен систем и искуство од кое можеме да научиме многу. Меморандумот ќе отвори простор за конкретна соработка, од која корист ќе имаат пациентите во двете земји“, истакна Клековски.
Тој изрази благодарност до турскиот дипломат за остварениот конструктивен разговор, повторувајќи ја заложбата за подобрување на услугите за граѓаните.
„Му благодарам на амбасадорот Акташ за отворениот и срдечен разговор. За секој пациент, секој ден“, порача Клековски.

