Author: Author 04

Грчките власти најавија воведување на нов пакет мерки чија цел е да се забрза протокот на патници и товарни возила на граничните премини, како и да се намалат долгите задржувања кои во последниот период се бележат на премините Евзони и Кипи. Мерките доаѓаат како реакција на зголемениот интензитет на патен сообраќај, особено со почетокот на туристичката сезона и растечкиот обем на товарен транспорт кон и од Грција. Одлуката е донесена на работна средба одржана во Солун, свикана од заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, Констандинос Гулекас. На состанокот присуствувале претставници од надлежните институции, безбедносните служби и локалните власти од пограничните…

Повеќе

Астролошките влијанија денеска носат фокус на емоционалната искреност, соочувањето со семејните прашања и потребата за подобра организација во кариерата. Прочитајте ги деталните предвидувања за секој хороскопски знак посебно. Овен – Фокусот е на домот, семејството и нешто што долго време сте го оттурнувале емоционално. Можно е разговор со близок човек да отвори тема што бара искреност и зрел пристап. Во љубовта, не реагирајте импулсивно ако не се чувствувате разбрано. Работата носи повеќе обврски и чувство дека мора да преземете контрола врз ситуација што другите ја избегнуваат. Бик – Комуникацијата станува поемотивна и поотворена. Може да добиете порака или разговор што…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид на терен на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, заедно со деканот на Градежниот факултет, инспекциските служби на Општина Центар и стручни лица, каде се спроведуваат итни мерки за обезбедување и стабилизација на просторот по евидентираното свлечиште на земјиштето во непосредна близина на градежен зафат. Согласно стручните насоки и експертското мислење доставено од Градежниот факултет, денеска започна затрупување и обезбедување на земјиштето на градилиштето, со цел стабилизација на теренот, спречување на дополнителни оштетувања и заштита на безбедноста на граѓаните и околните станбени објекти. Герасимовски упати благодарност до деканот и…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде нов вонреден извештај за развој на нестабилно време, кое во моментов опфаќа повеќе региони во државата. Според информациите на синоптичарите, облачната маса носи локални врнежи и во главниот град. „Во Кумановскиот регион и во источните делови од Скопската Котлина има врнежи од дожд и појава на грмежи. Поинтензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер има во околината на Валандово“, соопштија од УХМР. Најкритично во моментов е на југот од земјата, каде што се бележат поинтензивни процеси проследени со силен ветер.

Повеќе

По повод Светскиот ден без тутун, Министерството за здравство, во соработка со Институтот за јавно здравје и Светската здравствена организација, се приклучи на глобалната кампања под мотото „Разоткривање на привлечноста – спротивставување на зависноста од никотин и тутун“. На прес-конференција беа најавени конкретни чекори за помош на граѓаните на локално ниво. Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека веќе се спроведуваат координирани активности за зајакнување на услугите за откажување од пушење во здравствените домови и локалната самоуправа. Како клучна новина во здравствениот систем, министерот го посочи проширувањето на есенцијалната листа на лекови. За првпат на оваа листа се вклучени препарати…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде итно предупредување за развој на нестабилно време во повеќе региони низ државата. Според информациите на синоптичарите, силни воздушни маси во моментов носат брза промена на временските услови. „Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во околината на Струмица. Од север навлегува нестабилна облачна маса со правец на движење кон југ и во Кумановскиот регион има пороен дожд, грмежи и засилен ветер“, соопштија од УХМР.

Повеќе

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска упати сериозни обвинувања до претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека неговите политички ставови се директно усогласени со бугарските официјални позиции. Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција изјави дека опозицијата е подготвена да направи отстапки кои директно ги загрозуваат националните интереси. Според ВМРО-ДПМНЕ, чекорите кои ги предлага СДСМ во однос на евроинтеграциите одат на штета на македонскиот идентитет. „Прво спроведување на уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот. До таму е спремен да оди специјалниот бугарски пратеник на Румен Радев, Венко Филипче“, изјави Манасиевски. Портпаролот на партијата направи паралела меѓу изјавите на…

Повеќе

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2026 година (понеделник) и на 02.06.2026 година (вторник), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде вонредно соопштение за нагла промена на времето во источниот дел на државата. Според информациите од метеоролозите, во моментов нестабилна воздушна маса носи влошување на временските услови. „Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во околината на Штип“, соопштија кратко од УХМР.

Повеќе

Државните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје се првите два кои целосно ќе бидат реновирани и пуштени во употреба на стартот на новата академска година. Градежните работи се одвиваат паралелно и ќе завршат во јули, по што ќе следи комплетно опремување на собите и просториите. Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денеска направи увид во активностите при посетата на студентскиот дом во Автокоманда. Таа најави дека објектите ќе понудат значително повисок стандард за младите. „Условите ќе бидат модерни, по високи европски стандарди за сместување, но и за енергетска ефикасност. Сигурна сум дека…

Повеќе