Цената на суровата нафта „Брент“ денеска се искачи на речиси 110 долари за барел, додека европските берзански индекси бележат мешани движења под влијание на кварталните финансиски извештаи на компаниите и политичката ситуација во Франција.
Утрово во 9:30 часот, цената на суровата нафта „Брент“ забележа раст од 0,89 проценти и се тргуваше по 109,779 долари за барел, додека американската лесна сурова нафта WTI поскапе за 0,83 проценти, достигнувајќи 98,634 долари.
Според проценките на аналитичарите, се очекува растот на профитот на компаниите во рамки на пан-европскиот индекс STOXX 600 да забележи зголемување од околу 20,7 проценти на годишно ниво во третиот квартал од 2026 година, објави Ројтерс.
На европските пазари посебно се следат случувањата во Франција, каде што малопродажниот синџир Carrefour ја намали годишната прогноза за профит, како и подлабокото влијание на раст на инфлацијата во Обединетото Кралство.
Европските фјучерси за гас за испорака во ноември, на отворањето на берзата TTF во Амстердам, денеска се тргуваа по цена од 86,505 евра за мегават-час, односно околу 908 евра за 1.000 кубни метри, при коефициент од 10,5 MWh/1.000 m³.
Останатите берзански показатели покажуваат намалување кај германскиот индекс DAX за 0,04 проценти, британскиот FTSE 100 за 0,21 процент и московскиот IMOEX за 0,13 проценти.
Спротивно на тоа, францускиот CAC 40 регистрираше раст од 0,19 проценти, а италијанскиот FTSE MIB порасна за 0,12 проценти.

