Author: Author 04

Вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје, Р.С.(41) од Скопје пријави дека на голем одмор пред средно училиште на подрачје на Шуто Оризари, каде што учел, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од две лица, од кои едниот извадил пиштол, но не пукал, информираа од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера околу 17:00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 17-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека со остар предмет нападнал 15-годишник од Скопје и му нанел повреди, соопшти МВР. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Вчера во 18:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Лек Дукаѓини“ и ул.„Клинска Леса“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Б.(22) од Скопје и електричен тротинет управуван од 11-годишен малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил шестгодишен сопатник од тротинетот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Повеќе

Вчера околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, 21-годишната М.Х. од Скопје, управувајќи патничко возило „фолксваген поло“, изгубила контрола и се превртела со возилото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Х., додека со телесни повреди нејзината 19-годишна сопатничка Е.А. од Скопје, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Повеќе

Во СВР Скопје, А.А.(49) од Скопје пријави дека на 16.10.2026 во основно училиште на подрачјето на Шуто Оризари, неговиот малолетен син бил физички нападнат од С.А., наставник во училиштето, соопштија од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера околу 07:40 часот во СВР Скопје, 76-годишен маж од скопско пријави дека бил физички нападнат од неговата ќерка Х.С. која употребила и тврд предмет и му нанела повреди, а исто така му упатувала и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Повеќе

Учениците од прво, второ, четврто и петто одделение ќе добијат нови учебници од учебната 2027/2028 година, откако Министерството за образование и наука најави повлекување на 33 учебници што моментално се користат во овие одделенија. Од МОН информираат дека станува збор за учебници кои се во петтата година од нивната употреба и за кои е потребно подобрување на квалитетот и осовременување на наставните содржини. Преку Педагошката служба веќе е објавен конкурс за изработка на новите учебници кои треба да бидат подготвени и достапни за почетокот на учебната 2027/2028 година. Во меѓувреме, Министерството спроведува постапки за обновување на наставните материјали и во…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од редовите на СДСМ, Јовица Радески, упати благодарност до сите граѓани кои гласаа на изборите, оценејќи дека изборните резултати покажуваат намалување на поддршката за власта и раст на поддршката за опозицијата. Според неговите изнесени податоци, ВМРО-ДПМНЕ бележи падот на поддршката во споредба со претходниот изборен циклус, додека СДСМ го зголемил својот резултат. „Секако не може да се биде задоволен со резултатот, но секако задоволни сме што граѓаните ја препознаваат нашата борба. Резулатот од изборите покажува дека на власта и се намалува поддршката а се зголемува поддршката на опозицијата и тоа е тренд. Во споредба…

Повеќе

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со градоначалникот на oпштина Карпош, Сотир Лукровски, на која разговараа за реализацијата на капиталните проекти што се спроведуваат преку Владата, а во соработка со Општината. ” Преку двата повици што веќе се активни, поддршката за Општина Карпош од страна на Владата е околу 11 милиони евра, од кои директно преку Министерството за транспорт се реализираат околу 5,5 милиони евра. Нема дел од општината каде што не работиме, каде што не решаваме инфраструктурни проблеми и продолжуваме да го правиме тоа во следниот период” истакна Николоски. Вицепремиерот најави нова…

Повеќе

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.С.(19) од струшкото село Делогожда, А.Б.(24) од селото Поум и Џ.Б.(24) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, соопштија од МВР. На 27.09.2026 во продажен објект на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, пријавените физички и со метален предмет го нападнале сопственикот и една вработена.  

Повеќе