Author: Author 04

Најновата астролошка прогноза за денешниот ден носи интересни промени во секојдневието, најавувајќи нови соработки, финансиски решенија и емотивни соочувања за сите хороскопски знаци. Овен Фокусот е на иднината и плановите што сакате да ги реализирате. Може да добиете идеја што ќе ви помогне да решите нешто што ве кочи. Во љубовта, не инсистирајте на стар пристап ако не функционира. Работата носи можност за нова соработка. Бик Промените во кариерата или професионалниот правец стануваат појасни. Може да донесете одлука што долго ја одложувате. Во љубовта, потребна ви е поголема слобода да бидете свои. Работата бара храброст. Близнаци Се отвора нова перспектива…

Повеќе

Поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, попладнево е спроведен во Основниот кривичен суд во Скопје, каде треба да биде изведен пред судија на претходна постапка. Спроведувањето следува по официјалното барање од страна на Обвинителството за определување мерка притвор за него и уште три лица, поради сомнеж за злоупотреба на постапката за јавна набавка, како и за примање и давање поткуп. Истрагата, која беше отворена по пријава од Управата за финансиска полиција, покрај Богоев ги опфаќа и поранешниот помошник-директор С.М., овластеното лице во фирмата Д.Г., како и вработениот А.С. ОЈО ГОКК соопшти дека се обезбедени доволно докази за сите четири…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, учествува на седницата на Заедничкиот консултативен комитет (JCC), која се одржува во Брисел при Европскиот комитет на регионите, каде присуствуваат претставници на локалните и регионалните власти од земјите членки на Европската Унија и земјите кандидати за членство. За време на седницата се дискутира за процесот на европска интеграција, размената на искуства и зајакнувањето на соработката меѓу единиците на локалната самоуправа, со посебен фокус на улогата на општините во спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди. „Интеграцијата во Европската Унија останува стратешки приоритет на нашата држава. Во овој процес, локалната самоуправа има незаменлива улога…

Повеќе

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од денеска (03.06.2026) приемот на Барања за издавање на дозвола за привремен престој на странец во Р.С.Македонија, како и издавање на Решенија за привремен престој и фотографирање за лична карта за странец, може да се реализира секој работен ден во периодот од 09:00 до 15:00 часот во просториите на МТВ (на приземје).На овој начин придонесуваме за поефикасна услуга, без создавање на непотребни гужви, а граѓаните ќе бидат навремено услужени. Министерството за внатрешни работи продолжува да биде партнер и вистински сервис на граѓаните.

Повеќе

Три лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 03.06.2026 во 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Г.К.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата мајка, при што употребил и тврд предмет. На 02.06.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена пријави дека на 31.05.2026 во домот во скопско, нејзиниот сопруг Џ.Б.(29) физички ги нападнал неа и нивниот малолетен син, при што употребил и тврд предмет. На 02.06.2026 во 17:30 часот…

Повеќе

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола, од кои четири малолетници, а еден под дејство на алкохол Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола, од кои четири малолетници, а еден под дејство на алкохол. Во Тетово двајца малолетници управувале мопед и патничко возило без возачка дозвола. Мопед без дозвола управувале и по еден малолетник во Кочани и Кичево. Додека, без возачка дозвола возило управувал еден возач во Куманово и еден возач во Кавадарци управувал…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти нови податоци за моменталните временски прилики на територијата на државата. Според најновата радарска слика, во источниот дел од земјата во моментов се бележат умерени врнежи од дожд проследени со појава на грмежи. Метеоролозите предупредуваат дека во повисоките планински региони е можна и појава на суградица. Од УХМР нагласуваат дека оваа дестабилизација на времето нема да се задржи долго на истите позиции. Целата нестабилна облачна маса во следниот период постепено се извлекува кон исток.

Повеќе

Независната студија изработена од консултантската куќа „Ernst & Yong“ покажува дека со придонес од 1,4% во бруто националниот производ, ТИТАН Усје има значајна улога во развојот на националната економија. Вкупното влијание на компанијата во економските активности, преку деловни активности, плати и даноци, минатата година изнесувале повеќе од 10,3 милијарди денари. Директните фискални приходи во државниот буџет изнесувале 515 милиони денари, а дополнителни даночни приливи се остварени преку добавувачи, дистрибутери и градежни компании низ целата држава. Компанијата обезбедува 249 директни работни места и околу 6.700 индиректни работни места преку добавувачите, клиентите и пошироката економска активност, што претставува приближно 1% од вкупната…

Повеќе

– По повод одбележувањето на јубилејот-30 години на евн колекција, свечено беше отворена автентична изложба „Тапети“ која обединува дела од богатите збирки на колекцијата на ЕВН Австрија и Музеј на современата уметност – Скопје. Изложбата, со 70 избрани дела од угледни меѓународни и реномирани македонски уметници го отсликува долгогодишното партнерство помеѓу Македонија и Австрија. Поставката ќе биде достапна на македонската јавност до 15 јули. Евн колекцијата е значајна корпоративна уметничка збирка со фокус на меѓународна современа уметност. Постои од 1995 и создава дијалог меѓу различни уметнички изрази и перспективи и ја отсликува посветеноста на ЕВН Групацијата кон поддршка на културата и…

Повеќе

Педесет и две годишен пациент кој од 2021 година чекал на националната листа за трансплантација денеска доби ново срце од донор, додека 23-годишно момче доби нов бубрег, соопшти Министерството за здравство. Двајцата пациенти успешно ги поминаа хируршките интервенции и во моментов се наоѓаат во стабилна здравствена состојба. „Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекал на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност. Со оваа исклучителна одлука за органдонорство, нивниот сакан продолжува да живее во срцата, телата и насмевките на луѓе кои…

Повеќе