Close Menu
Press24
    Најново

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Му рекла на мажот дека ќе оди да купи цигари па загинала во автомобил со друг маж – Хорор во Одивалес

    Му рекла на мажот дека ќе оди да купи цигари па загинала во автомобил со друг маж – Хорор во Одивалес

    17.10.2026 во 14:052 Mins Read
    ФОТО: AI Generated
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Полицијата во Одивелас, Португалија, ги истражува сите околности околу сообраќајната несреќа во која живот го загуби 49-годишна државјанка на Бразил, откако била пронајдена во несвест и без облека во превртен автомобил.

    И покрај обидите за реанимација, жената починала на местото на настанот, додека 26-годишниот возач го напуштил местото на сообраќајката.

    Сообраќајната несреќа се случила во раните утрински часови на мостот Понте да Бика. Итните служби биле повикани во 3:05 часот наутро од вработени на блиската бензинска пумпа кои биле сведоци на превртувањето на возилото, објави португалскиот весник „Обсервадор“.

    Според официјалниот полициски извештај, жената претходно го напуштила својот дом во населбата Рамада, со образложение дека оди да купи цигари. Нејзиниот сопруг го пријавил нејзиното исчезнување во полицијата во Лурес само неколку минути пред да се случи сообраќајката.

    Сведоци за полицијата изјавиле дека маж без маица и со полесни повреди излегол од превртеното возило и побегнал пеш. Подоцна било утврдено дека станува збор за 26-годишен Португалец, кој е и сопственик на автомобилот.

    Кога пристигнала екипата на Итната медицинска помош, жената била во срцев и респираторен застој. По неуспешните обиди за реанимација, медицинскиот тим констатирал смрт.

    Осомничениот возач подоцна сам се предал во полициската станица во Одивелас, во придружба на својот адвокат, каде што му било наложено да се јави во сообраќајната служба, но според информациите на „Обсервадор“, тоа дотогаш не го сторил.

    Истражителите направиле детална дактилоскопска анализа и преглед на возилото за да се соберат сите отпечатоци и индиции кои треба да ги утврдат причините за превртувањето.

    Весникот „Кореио да Мања“ пренесува изјави од сведоци кои укажуваат на можноста патниците да имале сексуален однос за време на возењето, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена од истрагата. Положбата во која е пронајдено телото сугерира дека починатата жена не носела сигурносен појас.

    Прочитај повеќе

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.