- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 04
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, на денешната прес-конференција обелодени серија фрапантни неправилности и недоследности во работењето на оваа институција пред таа да дојде на функцијата. По објавениот извештај на Државниот за ревизија, кој бил извршен токму на барање на ИЈЗ, Андоновска изрази надеж дека Јавното обвинителство итно ќе реагира за констатираниот криминал во минатото. „И мене некои работи ми изгледаа нестварно штом дојдов на оваа функција, што се случувало пред јас да дојдам на позицијата“, рече Андоновска. Според нејзините зборови, кога дошла на директорската позиција со нејзиниот тим констатирале дека во Институтот, каде ревизија немало направено…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде итно предупредување за дестабилизација на времето во централните делови на државата. Според информациите од метеоролозите, во моментов во овие региони има појава на пороен дожд, засилени грмежи и силен ветер. Нестабилната облачна маса има правец на движење од запад кон исток. Од УХМР нагласуваат дека во следниот период ова невреме директно ќе ги зафати подрачјата на Општина Кавадарци и Општина Неготино. Претходно во текот на денот, од Управата информираа дека во централните планински региони веќе се регистрирани врнежи од дожд и појава на грмежи, каде облачноста исто така се движела во правец од запад…
Црногорската полиција денеска им забрани влез во земјата на 90 луѓе кои со чартер-лет допатувале од Белград во Тиват, поради сомнеж за субверзивно дејствување пред утрешниот Самитот на Европската Унија. Како што пренесува црногорскиот весник „Вијести“, меѓу патниците во авионот имало регистрирани „лица од интерес за безбедноста“ и сите тие со првиот лет ќе бидат вратени назад за Белград бидејќи одбиле да одговорат на прашањата на полицијата за целта на нивната посета. Весникот посочува и дека дел од овие лица имаат криминално досие, а наводно имале задача неформално да го обезбедуваат престојот на српскиот претседател Александар Вучиќ на Самитот ЕУ…
Обемната документација и начинот на кој се презентираат доказите во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја става одбраната во неповолна положба и го завлекува процесот, тврдат адвокатите по денешното рочиште. Обвинителството денеска приложи низа извештаи, овластувања и решенија за вработување на општински и градежни инспектори од Кочани, со цел да ги лоцира одговорностите во периодот пред несреќата. Адвокатот Димитар Дангов реагираше во судницата дека е тешко да се следат стотиците докази снимени на електронски медиуми. „…не е фер и ја става одбраната во неповолна положба“, нагласи Дангов, додавајќи дека само за ДЗС има 216 докази и дека…
Со презентација на материјални докази кои се однесуваат на инспекциските надзори на општинските инспектори, денеска во судот продолжи процесот за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште јавниот обвинител се фокусираше на документацијата за угостителска дејност спроведувана од страна на Општина Кочани, вклучувајќи извештаи за работа на терен, овластувања на градежни инспектори и решенија за нивно вработување. Сепак, презентацијата на овие материјали предизвика сериозни реакции кај одбраната. Адвокатот на обвинетиот Шабан Салиу, Димитар Дангов, посочи дека списите доставени на УСБ‑уред создаваат технички пречки. „…не е фер и ја става одбраната во неповолна положба“, рече Дангов, додавајќи дека…
Мицкоски и ВМРО дојдоа на власт со лаги, ветуваа подобрување на нашата преговарачка позиција, но нема подобри услови, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес- конференција. Филипче посочи дека по две години од мандатот на Владата на ВМРО, јасно е дека ниту едно ветувањe не е исполнија. „Христијан Мицкоски и ВМРО дојдоа на власт со лаги. Ветуваа подобрување на нашата преговарачка позиција, ветуваа менување на преговарачката рамка, гаранции, понатаму уставни измени со одложено дејство. И сега е јасно, така како што укажувавме целиот изминат период – такви гаранции е невозможно да се добијат. Одложено дејство на уставните измени едноставно…
На денешната прес конференција претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, го разоличи лицемерието на власта, додека функционерите на ВМРО и нивните семејства си обезбедиле европска иднина, на граѓаните и нивните деца им нудат изолација, чекање со децении и откажување од европската перспектива. „Додека пола Влада, пратеници, функционери на ВМРО имаат бугарски односно европски пасоши во џебовите, сите други во државата и нивните деца сега треба да чекаат со децении според нив и замислете да јадат корења. Значи сите да јадат корења, а Владата, претставниците на власта со владиниот авион да одат на море“, рече Филипче.Тој нагласи дека таквото однесување нема…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод Светскиот ден на велосипедот ги повика центарци да аплицираат за субвенции за велосипеди, електрични велосипеди и дополнителна опрема и да се приклучат на иницијативата „Цел Центар на точак“, насочена кон поттикнување на еколошки и одржлив начин на превоз. ,, Ова е одличен повод уште еднаш да ги повикам граѓаните да ја искористат можноста што ја нуди Општина Центар”. Јавниот повик е во тек, средствата сè уште се достапни и ги охрабрувам сите заинтересирани да аплицираат. Да го одбележиме овој ден на велосипед и да придонесеме за почиста животна средина, помал сообраќаен метеж…
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Канцеларијата на Генералниот обвинител на Република Португалија потпишаа Меморандум за соработка во повеќе клучни области од заеднички интерес. Меморандумот во Лисабон го потпиша Генералниот обвинител на Република Португалија Амадеу Гера, додека од македонска страна во Скопје свој потпис стави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески. Денеска, при посетата на заменик-генералниот обвинител на Португалија Пауло Жорже Виеира Моргадо де Карвајо во земјава, беше извршена свечена размена на двата документи на која присуствуваше и министерот за правда Игор Филков. Со документот се предвидуваат студиски и работни посети помеѓу обвинителствата од двете земји, директно…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид со приоритетна дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија и против Р.Д.(54) од Охрид, управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Имено, второпријавениот во периодот од 28.04.2025 до почетокот на март 2026, не го известил Министерството за здравство, односно не доставувал писмени известувања до надлежната комисија за настанати промени во однос на количината на финален производ сув цвет, како и чување на цветот во несоодветни простории. При извршена контрола, пронајдената…
