Close Menu
Press24
    Најново

    Аларм за морбили во земјава: Потврдени четири случаи, меѓу заразените и три бебиња

    02.11.2026 во 18:48

    Хорор за Ноќта на вештерките во Далас: Четворица загинати и 15 повредени во три престрелки

    02.11.2026 во 18:36

    Уапсен 41-годишен велешанец, пријавен дека физички нападнал малолетно дете

    02.11.2026 во 18:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Аларм за морбили во земјава: Потврдени четири случаи, меѓу заразените и три бебиња
    • Хорор за Ноќта на вештерките во Далас: Четворица загинати и 15 повредени во три престрелки
    • Уапсен 41-годишен велешанец, пријавен дека физички нападнал малолетно дете
    • Стопанската комора ќе им помага на Зелениково и Чучер-Сандево да го развијат бизнис секторот, руралниот туризам во фокусот
    • Кривична пријава за двајца мажи од Струмичко и Радовишко поради марихуана
    • Мицкоски: Сакаме германските компании да ја препознаат Македонија како доверлив партнер за долгорочни инвестиции
    • Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови
    • Штипјанка ги пријавила синовите во полиција: Психички и физички ме малтретираат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Аларм за морбили во земјава: Потврдени четири случаи, меѓу заразените и три бебиња

    Аларм за морбили во земјава: Потврдени четири случаи, меѓу заразените и три бебиња

    02.11.2026 во 18:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Четири случаи на мали сипаници (морбили) се потврдени во државата, а вирусот е откриен кај тројца македонски државјани од Скопје, Велес и Штип, како и кај едно лице од Косово. Загрижува податокот што меѓу заразените има три бебиња под 12-месечна возраст, додека четвртиот заразен е 40-годишно лице. Сите инфицирани се целосно невакцинирани.

    Надлежните институции веднаш презедоа мерки. Во тек се детаљни епидемиолошки анкети за да се утврди дали постои меѓусебна поврзаност меѓу случаите. По овие случувања, заседаваше и Комисијата за заштита од заразни болести, од каде упатија итен апел до родителите за редовна имунизација на децата со цел да се спречи ширење на опасната зараза.

    Министерот за здравство, Сашо Клековски, апелираше до граѓаните за максимална претпазливост и одговорност:

    „Вакцинирајте се, проверете дали имате две дози од вакцината и дали сте ја прележале болеста. Доколку имате температура и исип не одете на доктор јавете се на доктор. Сипаниците се високо заразни и секое одење во чекална го зголемува ризикот од проширување на сипаниците“, изјави министерот Клековски.

    Низек опфат на вакцинација и закана од епидемија

    Главниот проблем со кој се соочува здравствениот систем е нискиот опфат на имунизација против мали сипаници, кој со години е под препорачаниот праг за колективен имунитет. Според податоците, минатата година само 62 отсто од децата ја примиле првата доза од МРП-вакцината. Дополнителна загриженост предизвикува состојбата во одредени скопски општини, каде што статистиката покажува дека секое трето дете останало неимунизирано.

    Оваа појава доаѓа во момент кога земјите од регионот веќе се соочуваат со епидемии – Косово веќе има регистрирано речиси 150 заразени, додека во Бугарија се пријавени над 500 инфицирани лица. Здравствените власти потсетуваат на сериозноста на ситуацијата, имајќи предвид дека пред седум години земјава се соочи со разорна епидемија на морбили која резултираше со над 2.000 заболени и четири смртни случаи поради компликации.

    Прочитај повеќе

    Уапсен 41-годишен велешанец, пријавен дека физички нападнал малолетно дете

    02.11.2026 во 18:33

    Стопанската комора ќе им помага на Зелениково и Чучер-Сандево да го развијат бизнис секторот, руралниот туризам во фокусот

    02.11.2026 во 18:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.