Close Menu
Press24
    Најново

    Димитријевиќ : ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на сметките во Алта банка, пензионерите мора да бидат заштитени

    02.11.2026 во 19:43

    Николоски: Германија е важен партнер за нови инвестиции во Македонија

    02.11.2026 во 19:35

    Пренџов: Филипче пак шири паника и хистерија, исто како што ширеа кога Кире Наумов пишуваше писма кои го чинеа народот 30 милиони евра

    02.11.2026 во 19:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Димитријевиќ : ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на сметките во Алта банка, пензионерите мора да бидат заштитени
    • Николоски: Германија е важен партнер за нови инвестиции во Македонија
    • Пренџов: Филипче пак шири паника и хистерија, исто како што ширеа кога Кире Наумов пишуваше писма кои го чинеа народот 30 милиони евра
    • Трамп најави масовни помилувања во администрацијата по примерот на Бајден
    • Аларм за морбили во земјава: Потврдени четири случаи, меѓу заразените и три бебиња
    • Хорор за Ноќта на вештерките во Далас: Четворица загинати и 15 повредени во три престрелки
    • Уапсен 41-годишен велешанец, пријавен дека физички нападнал малолетно дете
    • Стопанската комора ќе им помага на Зелениково и Чучер-Сандево да го развијат бизнис секторот, руралниот туризам во фокусот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитријевиќ : ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на сметките во Алта банка, пензионерите мора да бидат заштитени

    Димитријевиќ : ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на сметките во Алта банка, пензионерите мора да бидат заштитени

    02.11.2026 во 19:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Генералниот секретар на СДСМ, Александра Саша Димитријевиќ, попладнево беше во посета на Битола. Во изјава за медиуми, Димитријевиќ, порача дека поради состојбата со Алта банка и неможноста граѓаните да подигнат пари од своите сметки, ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на сметките во Алта банка, со цел да се заштитат пензионерите и да им се овозможи сигурен пристап на граѓаните до нивните средства.

    Тој посочи дека по скандалот со Алта банка, граѓаните се соочуваат со неизвесност за своите пари и заштеди, а особено загрижувачка е состојбата на пензионерите кои не можат да ги подигнат своите пензии.

    „Бараме ПИОМ да не се исплаќа пензија на сметките на пензионерите на Алта банка, да се заштитат“, порача Димитријевиќ.

    Тој додаде укажа дека поради неодговорноста на власта пензионерите кои имаат сметки во Алта банка,  не можат да си ги подигнат пензиите, кои им се основни приходи за живот, а Мицкоски го штити капиталот на криминалците.

    „Пензионерите, еве го втори е, остануваат без пензии. Експозитурите се затворени, банкоматите се празни, нема картички. Ниту тие 10.000 денари  немаат како да ги извадат. Луѓе без картички не можат да стигнат до своите пари бидејќи експозитурите не работат. Многу банкомати се празни, а на другите се чека со часови. Сметки, струја, греење, храна, лекови. Ако се сака да се заштитат штедачите, треба да им се дозволи да си ги подигнат своите заштеди во целост. Но оваа криминална власт им за цел да го заштити капиталот на криминалците, на сметка на гаѓаните чии депозити се заробени“, рече Димитријевиќ.

    Димитријевиќ посочи дека граѓаните на Битола се соочуваат со сериозни проблеми по скандалот со Алта банка, што предизвика загриженост за нивните заштеди и финансиската сигурност.

    „Денеска е тежок ден за граѓаните на Битола, овде сме заедно со нив, луѓето имаат мака, огромен проблем по избивање на скандалот со Алта банка. Загриженост и неизвесност, за своите пари, заштеди и за финансиската сигурност. Овие луѓе имаат мака затоа што имаме арамиска власт која им го создаде проблемот, Мицкоски и ВМРО-нивната организирана криминална група“, изјави Димитријевиќ.

    Димитријевиќ порача дека мора да има истрага и  одговорноста Мицкоски и Славески.

    „Мора да има истрага и мора да има одговорност, и од Мицкоски и од Трајко Славески. Прв чекор кон решавање на овој скандал е Славески да даде оставка, да се отвори истрага“, порача Димитријевиќ.

    Прочитај повеќе

    Пренџов: Филипче пак шири паника и хистерија, исто како што ширеа кога Кире Наумов пишуваше писма кои го чинеа народот 30 милиони евра

    02.11.2026 во 19:16

    Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

    02.11.2026 во 13:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.