Close Menu
Press24
    Најново

    Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

    02.11.2026 во 13:53

    Паднаа полицајци осомничени за кражба на накит и полово вознемирување во Прифатниот центар за странци

    02.11.2026 во 13:50

    Му паднале 193 таблети од џеб пред затворот во Велес: 24-годишник приведен од полицијата

    02.11.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка
    • Паднаа полицајци осомничени за кражба на накит и полово вознемирување во Прифатниот центар за странци
    • Му паднале 193 таблети од џеб пред затворот во Велес: 24-годишник приведен од полицијата
    • „Слушнав звук на кровот од куќата“ – скопјанец на терасат пронашол залутан куршум
    • Директорот на БЈБ Јанев на состанок за борба против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе
    • Подгответе топла облека – УХМР најавува пресврт кон крајот на неделата
    • Македонската берза ја стави АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“
    • ФОТО: СДСМ побара Надзорна расправа за скандалот со Алта банка во Собранието
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

    Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

    02.11.2026 во 13:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменикот-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција ја обвини опозициската СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче за двојни аршини во врска со случувањата околу Алта банка.

    Петрушевски направи споредба со предметот за Еуростандард банка, посочувајќи дека реакцијата на опозицијата во сегашниот случај е лицемерна.

    „СДС и Филипче да беа вака гласни за Еуростандард банка, како што денес се за Алта банка, можеби граѓаните тогаш, немаше да бидат оштетени“, рече Петрушевски.

    Тој потсети на околностите под кои пропадна Еуростандард банка за време на претходната власт.

    „Се сеќаваме дека во времето на Филипче и СДС, пропадна Еуростандард банка, која патем, долго време одобрувала кредити без покритие на фирми блиски до Заев. Истата Еуростандард банка во која тогашната министерка за финансии, Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра“, истакна тој.

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека за разлика од сегашните постапки, тогашното раководство на Народната банка донело поинакви одлуки.

    „Истата Еуростандард банка, за која власта на СДС и тогашното раководство на НБРМ не воведе администрација, туку директно и ја укина работата на банката, за да можат кредитите на фирмите блиски до Заев да пропаднат. Ете затоа им е криво на СДС и затоа работи Фројд кај Филипче. Тоа што вие сте посегале по криминал, ние тоа нема да го направиме“, изјави Петрушевски.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: СДСМ побара Надзорна расправа за скандалот со Алта банка во Собранието

    02.11.2026 во 13:15

    Филипче до Тошковски и Мицкоски: Дали Давор Мацура престојувал во Македонија во изминатите денови

    02.11.2026 во 13:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.