Close Menu
Press24
    Најново

    Директорот на БЈБ Јанев на состанок за борба против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе

    02.11.2026 во 13:26

    Подгответе топла облека – УХМР најавува пресврт кон крајот на неделата

    02.11.2026 во 13:24

    Македонската берза ја стави АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“

    02.11.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Директорот на БЈБ Јанев на состанок за борба против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе
    • Подгответе топла облека – УХМР најавува пресврт кон крајот на неделата
    • Македонската берза ја стави АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“
    • ФОТО: СДСМ побара Надзорна расправа за скандалот со Алта банка во Собранието
    • Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток: Обвинетите Васев и Нухи повторно негираат вина
    • Филипче до Тошковски и Мицкоски: Дали Давор Мацура престојувал во Македонија во изминатите денови
    • Филипче: Мицкоски и Славески да одговорат како дозволиле влез во земјата на Алта банка
    • Филипче: Една година предупредувавме за ризиците од влезот на Алта банка во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Директорот на БЈБ Јанев на состанок за борба против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе

    Директорот на БЈБ Јанев на состанок за борба против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе

    02.11.2026 во 13:261 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска (02.11.2026), во Скопје, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на регионалниот ИПА-проект на Европската Унија „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан“ – EU4FAST.

    На состанокот беа разгледани постигнатите резултати, тековните активности и идните приоритети на проектот, со акцент на унапредувањето на регионалната соработка и зајакнувањето на капацитетите на македонската полиција.

    Директорот Јанев истакна дека вложувањето во знаење, професионална експертиза, современа опрема и технологија е клучно за модернизација на безбедносните институции и поефикасно справување со современите безбедносни предизвици.

    Преку обуки, размена на искуства и донации на опрема, проектот придонесува за поефикасна гранична контрола, поквалитетни истраги за трговија со луѓе и криумчарење мигранти, како и поуспешно откривање на нелегалните финансиски текови.

    Јанев ја нагласи важноста од отворена и ефикасна меѓународна соработка, поинтензивна размена на информации и координирани истраги, истовремено истакнувајќи ја посветеноста на македонската полиција на почитувањето на човековите права, владеењето на правото и заштитата на жртвите на трговија со луѓе.

    Директорот Јанев упати благодарност до Европската Унија и земјите членки за поддршката, нагласувајќи дека македонската полиција останува активен и рамноправен партнер во зајакнувањето на регионалната безбедност и европската безбедносна соработка.

    Прочитај повеќе

    Подгответе топла облека – УХМР најавува пресврт кон крајот на неделата

    02.11.2026 во 13:24

    Македонската берза ја стави АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“

    02.11.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.