Author: Author 04

Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.И.(21) и А.Д.(40), двајцата од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и шише исполнето со течност. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Г.(45) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот, без знаење и согласност на неговиот татко, ги искористил личните податоци од неговата лична карта и на 08.08.2025 аплицирал за онлајн кредит во финансиско друштво во износ од 15.000 денари.

Повеќе

Вчера во ОВР Радовиш е пријавено дека во периодот од 12:00 до 15:30 часот на место викано „Лакавица“ на регионалниот пат од с.Дедино кон с.Конче, општина Конче, 55-годишниот З.С. од с.Конче, управувајќи трактор „торпедо“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и со тракторот паднал во провалија. Од екипа на Територијална противпожарна единица Радовиш и екипа на Итната медицинска помош Радовиш возачот на тракторот е извлечен и пренесен во Клиничка болница Штип, каде му се констатирани тешки телесни повреди. По извршени проверки, било констатирано дека З.С. го управувал тракторот, без да поседува возачка дозвола. Извршен е увид од увидна екипа на…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на 14. Пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир, која се одржува во Скопје. Тој порача дека во време на растечки глобални предизвици, толеранцијата, дијалогот и меѓусебното почитување не смеат да останат само декларативни вредности. Според него, овие принципи мора да станат суштински дел од јавните политики и од институционалната култура. Муцунски истакна дека нашата држава добро ја разбира вредноста на соживотот, различноста и дијалогот. Токму затоа, како што потенцираше тој, земјата останува силно посветена на добрососедските односи, регионалната соработка и мултилатерализмот како клучни предуслови за стабилност,…

Повеќе

Како резултат на тековните движења на меѓународните цени на горивата и континуираната конструктивна комуникација со Владата, ОКТА АД – Скопје донесе одлука да воведе привремен попуст од 2 денари по литар бензин (95 и 98 октани) во периодот од 2 до 16 јуни 2026 година.Оваа иницијатива е продолжение на серијата мерки за поддршка што ги спроведува ОКТА од март оваа година, а имаат за цел ублажување на влијанието на нестабилноста на меѓународниот пазар врз домашниот пазар на горива.Попустот ќе важи за трговците кои работат на продажба на големо и мало и набавуваат бензин од ОКТА. Со оваа мерка компанијата им…

Повеќе

Денес градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски заедно со заменик-градоначалникот на Карпош, Неделчо Крстевски, го означија почетокот на реконструкцијата на улица „Загребска“, една од важните сообраќајни артерии во Карпош, која секојдневно ја користат илјадници граѓани. Оваа улица има особено значење не само за жителите на Карпош, туку и за сите кои гравитираат кон овој дел од градот, особено имајќи предвид дека токму тука се наоѓа Институтот за респираторни заболувања кај децата – Козле, рече Ѓорѓиевски. „Безбеден, функционален и достоинствен пристап до ваква значајна здравствена установа не е луксуз, туку обврска. Станува збор за улица која со години беше во исклучително…

Повеќе

Времето утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе надминува брзина од 60 km/h, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите…

Повеќе

Уште во раните утрински часови, додека градот сè уште спиеше, беше реализирана втората авионска фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, информираше градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. „Оваа активност продолжува и утре, со реализација на третата фаза, согласно предвидената програма, законските одредби кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести, како и Елаборатот доставен од Центарот за јавно здравје. Навремената дезинсекција е од исклучително значење за заштита на јавното здравје, превенција од ширење заразни болести и обезбедување побезбедна и поквалитетна животна средина за сите граѓани. Токму навременото третирање е најважниот…

Повеќе

Лишен од слобода кумановец, противправно држел лице од Куманово во својот дом, физички го напаѓал и го принудувал да користи дрога и орално да го задоволува На 31.05.2026 во 21:15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.П.(35) од Куманово. Тој се сомничи дека од 23:00 часот на 29.05.2026 до 07:00 часот на 31.05.2026 без негова согласност и со употреба на сила држел негов 36-годишен познаник од Куманово во својот дом. Според пријавеното, во тој период Д.П. повеќе пати физички го напаѓал лицето, го принудувал орално да го задоволува и го принудувал да користи дрога.…

Повеќе

Користењето мобилен телефон додека возите станува една од главните причини за сообраќајни несреќи низ целиот свет, а грчките власти сега ги казнуваат прекршителите со многу високи казни. Новиот Закон за безбедност во сообраќајот во Грција, кој стапи во целосна сила минатиот септември, воведува построги мерки за оние кои прават сериозни и опасни сообраќајни прекршоци. Експертите предупредуваат дека возачите кои држат телефон во рака додека возат реагираат половина секунда побавно од останатите. Таа разлика од половина секунда значи 14 метри поголемо растојание на запирање при брзина од 110 км/час. И покрај постојаните кампањи и јасниот ризик, овој прекршок сè уште се…

Повеќе