- 10 возачи приведени за 24 часа – Возеле пребрзо и „мортус пијани”
- Дефект остави неколку населби без вода – Прекин во дел од Скопје
- Дојави за бомби во три авиони на „Рајанер“: Два слетале во Софија, еден во Пловдив
- МВР за акцијата во Куманово: Полицијата врши претреси за изнуда, перење пари и несовесно работење
- Андоновски се пофали: ЕУ ни даде „добар напредок“ за дигитализацијата
- Голема акција на скопскиот градоначалник: Нови 6.000 садници во главниот град
- Дел од Македонија мрзне: УХМР ги измери температурите, ова е состојбата
- „Глумел телевизија” на Фејсбук – скопјанец објавувал серии без дозвола, полицијата му влезе во траг
Author: Author 04
Вчера во 00:10 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Б.Р.(38) од Кочани, затоа што му се заканувал на неговиот 18-годишен син, информираа од МВР. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање, ќе следува соодветна пријава.
Утрово во 04:10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.А.(41), постапувајќи по претходна пријава од неговата 63-годишна мајка дека физички ја нападнал во семејниот дом и ѝ упатил закани, соопшти МВР. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Утрово во 04:35 часот на паркинг простор кај бензинска пумпа покрај патот Тетово–Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишија од слобода М.Б.(36) од с.Неготино, гостиварско. Тој се сомничи дека на 18.10.2026 околу 19:15 часот во спортска обложувалница во с.Неготино со закана кон вработениот одзел пари од касата. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против M.С.С.(54) од Германија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 12.02.2026 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, бил извршен преглед во возило кампер со германска регистерска ознака, кое го управувал, при што биле пронајдени и одземени марихуана, псилоцибин, дробилка и други предмети.
ОВР Кратово поднесе кривична пријава против К.К.(42) од Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“. На 30.09.2026 во Кратово, пријавената го пуштила своето куче без поводник, при што тоа го нападнало Г.Т..
СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Т. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Пријавениот, во домот чувал пиштол „застава“, сопственост на друго лице, иако знаел дека не смее да држи огнено оружје за кое не поседува дозвола за поседување.
Водата од пластично шише кое било оставено во прегреан автомобил со часови може да содржи зголемени количини на одредени хемикалии и мали пластични честички. Експертите предупредуваат дека високите температури, особено во текот на летните денови, можат да го забрзаат ослободувањето на овие супстанции од ПЕТ амбалажата, поради што не се препорачува долго време да се чува флаширана вода во жежок автомобил. Во текот на жешките денови, температурата во паркирано возило може брзо да се зголеми, а шишето оставено на седиште или во багажник станува изложено на екстремна топлина. Истражувањата покажуваат дека загревањето на ПЕТ пластиката го зголемува преносот на одредени…
По краткиот период на потопло време и температури кои неделава ќе достигнат до 26 степени Целзиусови, во Србија следи значителна промена на времето и постепено преминување во сè постуден период со повремени врнежи и магла. Според метеорологот Иван Ристиќ, кој даде изјава за „Блиц“, пред влезот во ноември ќе има брз температурен скок, каде што во среда и четврток температурите локално ќе се искачат помеѓу 23 и 26 степени. Оваа топла епизода брзо ќе заврши, по што следува заладување со подрачја на магла и дожд. „Во третата декада од ноември очекуваме прв снег во пониските региони, најверојатно околу 26 ноември“,…
Европските земји ги повикаа своите граѓани кои патуваат во Франција да избегнуваат масовни собири и да бидат крајно внимателни поради влошената безбедносна состојба на терен, откако во текот на викендот беа уапсени илјадници лица, а продавниците беа ограбени за време на протестите. Демонстрациите низ Франција поради високите цени и влошувањето на јавните услуги ескалираа во саботата, при што дојде до палење на градското собрание и судири меѓу насилните групи и полицијата. Поради актуелната состојба, министерствата за надворешни работи на неколку европски земји издадоа нови предупредувања, пренесува Ројтерс. Италијанските власти им препорачаа на своите граѓани да го регистрираат престојот преку специјална…
Земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 19 октомври 2026 година, во 17:35 часот, во Таџикистан. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област 70 километри југоисточно од границата со Киргистан. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 114 километри под површината на земјата. Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
